ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски упати критика до надлежните, бара целосна имунизација без прекини
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Март, 2021
ПЕНДАРОВСКИ И ФИЛИПЧЕ РАЗМЕНИЈА ОСТРИ ЗБОРОВИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО СРБИЈА
Претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на советот за безбедност изјави дека прекини во процесот на вакцинација не смее да има до целосна имунизација.
Министерот за здравство, Венко Филипче му ветил дека досега ниту еден болен не бил и нема да биде оставен без да му се пружи помош.
„Тоа што се случуваше во Србија, тие слики, тоа е срам“, рече Пендаровски и се заблагодари на северниот сосед.
Повика приватните здравствените установи да се откажат од прифитот и да помогнат на болните од ковид.Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево реагира на изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски кој рече дека сликите од граѓани кои одат на вакцинација во Србија се срам за нас.
„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“, реагира Филипче.Откако министерот за здравство, Венко Филипче реагираше дека е изненаден од изјавата на шефот на државата, Стево Пендаровски кој рече дека сликите од Србија каде се вакцинираа македонските граѓани се срам, следи објаснување од кабинетот на Пендаровски.
„Претседателот Стево Пендаровски во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење. Во однос на процесот на набавка на вакцини, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на претседателот и од тогаш до денес претседателот Пендаровски е активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство“, наведуваат оттаму.
За време на викендот над 22.000 луѓе од регионот се вакцинираа во Србија.ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 1.200 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 619, Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес - 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево - 1.
Регистрирани се 868 оздравени пациенти од:
Скопје – 421, Охрид – 55, Куманово – 50, Прилеп – 46, Велес – 35, Кавадарци – 27, Неготино и Гевгелија – по 25, Штип и Струмица – по 20, Битола – 19, Гостивар – 17, Тетово и Струга – по 16, Кичево – 14, Кочани и Радовиш – по 12, Берово – 7, Кратово – 5, Крива Паланка и Крушево – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Валандово, Свети Николе, Виница, Делчево и Богданци – по 2, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ПОДГОТВЕНА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА
БУГАРСКОТО МНР СЕ ОГРАДИ ОД СПОТОТ НА ЏАМБАСКИ
Бугарското Министерството за надворешни работи се огради и го оцени како нессодветно видеото на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, откако вчера македонското МНР упати протестна нота.
Велат дека пораките на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската Влада. Додаваат дека Бугарија нема територијални претензии кон други земји.
Од бугарското МНР забележуваат дека видеото на Џамбаски се појавило по тридневно молчење на македонската Влада, која ја повикале да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација Меѓународен институт за Блискоисточни и балкански студии.НЕМА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ
Министерот за здравство, Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести разговарале за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните, информираат од Министерството .
-Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.ВАКЦИНАТА НЕ Е ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА ЃОРЧЕВ ПАДНАЛ ВО КОМА
Состојбата на 73-годишниот маж од Северна Македонија, на кој му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш викендот е непроменета и тој се уште е во кома. Тоа го изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.
„Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина“, изјави Перишиќ.
Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.