26 Април, 2024
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендаровски утре ќе му го даде мандатот на Заев, а Еуростандард банка ќе оди во стечај

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ УТРЕ ЌЕ ГО ДОБИЕ МАНДАТОТ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре - 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме", којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопштија од кабинетот на претседателот.

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ОДИ ВО СТЕЧАЈ

Народна банка ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка. 

Денес НБМ постапувајќи по Законот за банки, ја укина дозволата на Еуростандард банка.

НБМ утре до надлежниот суд ќе достави предлог за отворање стечај на Еуростандард.

Сите депозити, на 99,4 отсто од физичките лица ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови. 

Ова го соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, на вонредна пресконференција, нагласувајќи дека Еуростанд банка не ги исполнила минималните услови за работа.

Учеството на банкарската актива во вкупната банкарска актива на земјава е само 1,3 отсто, и поради тоа, како што рече Бежоска, не се доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем на земјава и тој останува  сист, тој остан стабилен и високо капитализиран.

Изминатиот период Еуростандард беше под засилен супервизорски надзор. 

НБМ постојано изрекуваше мерки за намалување на ризиците, особено за кредитниот ризик.

Клучните проблеми се одрза на слабости од изминатит период, а не на тековните состојби. 

ЗА 24 ЧАСА ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ OД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8,  Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.  

Починат е пациент од Охрид (66г.) во болнички услови.

НЕМА КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на прес конференција ги потврди информациите на Фактор објавени денеска за можно одложување на почетокот на школската година. 

-За да може да почне школската година, потребно е да се донесат законски измени, а за тоа да се случи, мора да имаме функционално Собрание. Тие се подготовени од наша страна. Но , кога ќе се усвојат, зависи од Собранието. Почетокот на школската година ќе зависи од епидемиолошката состојба и од Собранието. Ние предлагаме часот во основното образование да се скрати од 45 на 30 минути, а во средното од 45 на 35. За да се усвои тоа, ни треба Собрание. Јас се залагам за физичко присуство, но тоа е мој личен став, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес конференција веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за Сител, информираше за заедничкиот состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој утрово присуствувал и министерот Арбер Адеми.

„Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците и за нивните родители и за вработените на училиштата, доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат започнувајќи на почетокот на септември. Видовме многу примери во многу различни земји во светот кога после отворањето на училиштата, заради очигледно неминовното зголемување на бројот на заразени, делумно или целосно училиштата се повторно затворени. Очигледно дека такво сценарио е можно и кај нас, доколку целосно се отворат училиштата. Свесни сме дека ова е еден голем предизвик, дека нема идеално решение, ја следиме и дебатата во јавноста, секоја од групите има некои свои аргументи, меѓутоа ние како Министерство за здравство ставаме апсолутно приоритет на заштитата на здравјето на граѓаните, вклучително и на децата коишто треба да тргнат на училиште“, потенцираше министерот Филипче.

На прашањето дали се очекува овие денови да се најде компромис или ќе се чека да се формира Владата и да се има собрание за да се направат законски измени, министерот Филипче истакна дека според сознанијата, согледувањата и анализите коишто се правени од страна на МОН, и доставените протоколи врз основа на кои училиштата би требало да функционираат, станува збор за сложен процес.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пандемијата, проблемитe со работната сила, продуктивноста, но и најновото покачување на електричната енергија, кое исто така ќе биде удар за компаниите, ќе доведе до тоа многу конфекции да згаснат наесен.

Лавина од реакции на родителите по помалку прикриената најава на здравствените власти дека од 1.септември наставата, целиот образовен процес ќе започне од далечина, а само првачињата ќе седнат во училишните клупи. 

Родителите се бесни зошто, како што велат, имаше многу време, целиот образовен процес да биде безбедно организиран за да почнат децата да одат во училиште.

Без разлика какви постапки ќе преземат Генералниот секретаријат на Владата и Јавното обвинителство, институција која треба и планира да ги натера газдите неплаќачи да се раздолжат кон работниците и да им ги исплатат нивните плати, е Државниот трудов инспекторат.

Дали навистина истокот на Македонија е сиромашен? Дали е тоа мит? Трите најголеми компании во источниот регион лани имале заедно приходи кои надминуваат 170 милиони евра. 

Се додека не се формира Владата, нема да стартува ниту новата учебна година, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.

Народна банка ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка. 

Денес НБМ постапувајќи по Законот за банки, ја укина дозволата на Еуростандард банка.

„Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. 

Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за која попладнево на пресконференција гувернерката на НБМ Анита Бежоска Ангеловска соопшти дека и ја укинува дозволата за работа и утре пред судот ќе предложи стечај за банката.

Фондот за осигурување депозити е во одлична кондиција, располагаме со доволно средства и ќе направиме напор да ги исплатиме депозитите на граѓаните уште пред законскиот рок, рече директорот за Фондот за осигурување на депозити, Борче Хаџиев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот