Добивај вести на Viber
СЕ ПОЈАВИ УШТЕ ЕДНА „БОМБА“
По вчерашниот ТВ-дуело со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево во јавноста излезе уште една аудио-снимка во која наводно се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како му се обраќа на Зоран Милевски Кичеец, првостепено осуден за случајот „Рекет“.
Во новата „бомба“ која се појави во јавноста наводно се слуша гласот на Мицкоски како вели: „Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“.
Дополнително, има уште еден разговор во кој се слуша глас кој наликува на оној на претседателот на најголемата опозициска партија од кој може да се извлече заклучок дека „е единствен кој се бори со сите случаи“, а гласот кој наводно е на Кичеец му одговора: „Реално, во вас се сите џокери“.НОВИ 120 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.
Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3134, активни 2.049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.ГРЦИТЕ ГО ЗАТВОРИЈА ЕВЗОНИ
Грчките погранични службеници денеска околу 12 часот повторно го затворија копнениот премин „Евзони“, објави МИА.
Од граничниот премин „Богородица“ ја потврдиле одлуката на нивните колеги од спротивната страна, и само кажале дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.
Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.
За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.
Српските туристи веќе и на фејсбк се жалат дека од пред неколку минути Евзони е повторно затворен за туристи и дека српските граѓани во Грција можат да влезат само преку Бугарија. РЕМЕНСКИ БАРА РУСКОВСКА ДА БИДЕ ИЗЗЕМЕНА ОД СУДЕЊЕТО ЗА МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ
Tретообвинетаta во случајот „Меѓународен сојуз“, Фросина Ременски, заедно со Бојан Јовановски бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од случајот. Според неа, постојат цврсти докази дека „во сите фази на предистрагата и истрагата има селективност во постапувањето преку кршењето на правата на одбраната, но и во делот на попречување на правдата“.
Ременски наведе и дека Русковска вршела незаконски претрес во нејзиниот дом.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Повисок економски раст, поголеми плати, нови работни места, грижа за ранливите категории... Ветувања, проекти, инвестиции, милиони и милијарди...
Министерството за правда им ги исплати на политичките партии државните пари за престојните парламентарни избори кои се закажани на 15 јули.
Во очекување на нови пациенти кои треба да бидат хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, директорот на овој најголем Ковид-центар во Македонија, д-р. Христијан Костов за Фактор раскажа дека во 3 и пол месечната работа, деноноќната трка да се помогне на секој пациент, здравствените работници, целиот медицински и останат персонал се веќе на работ на силите.
Владата нема слух за странските компании со технолошки напредно производство од кои повеќето работат во зоните и генерираат голем дел од нашиот увоз.
„Има ли уште некој затруен од Гранд бургер? Луѓе да споделам јас и сопругот се затрувме, а на токсикологија имаше уште десетина во иста вечер затруени од истата сендвичарица во Скопје“.
Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, како Ковид 2-центар во држвата, во моментов се хоспитализирани 5 позитивно дијагностицирани деца на корона вирусот и тоа најмалиот пациент е бебе старо само 18 дена, а највозрасниот е тинејџер од 18 години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.