ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна вакцинацијата, денес има над 1.500 заразени, починаа и две родилки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2021
ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО АСТРАЗЕНЕКА
Денеска официјално во земјава почна вакцинацијата против корона вирусот со вакцините на АстраЗенека, кои земјава ги доби преку Кобакс механизмот.
Според здравствените власти се се одвива во најдобар ред. Во вакциналните пунктови во Скопје и во останатите градови први беа повикани граѓаните над 75 години, додека пак, вакцинацијата со АстраЗенека засега е стопирана за лицата помлади од 60 години.Од денеска во Македонија почнува имунизацијата на населението со првите 24.000 дози вакцини од АстраЗенека кои викендов стигнаа во земјава.
ПОЧИНАА ДВЕ РОДИЛКИ
Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица од вирусот Ковид-19, дознава Плусинфо.
За двете ова било второ породувње, а нивната здравствена состојба била многу тешка.Едната имала 33, другата 32 години. Како што наведува порталот, бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба.
ДЕНЕС ИМА НАД 1.500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТМинистерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.
Регистрирани се 587 оздравени пациенти од:
Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.
Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.28 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ИМА КОМПЛИКАЦИИ ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО СРБИЈА
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по повод стартот на масовната вакцинација соопшти дека одлуката да не се вакцинираат лица под 60 години со АстраЗенека е од претпазливост.
-Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одием полека но сигурно и во таа смисла ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Веќе денеска од Германија има други најави дека ќе се продолжи со вакцинацијата, но по направена косултација со лекар. Затоа сакаме да бидеме навистина претпазливи. Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност при Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, со која што сакаме да размениме соодветни информации, евентуално до Европската Агенција за лекови и деректно до германското министерство за здравство, рече Филипче.
Иако се ретки, сепак се јавуваат тримботични реакции по примање на првата доза од вакцината, нагласи министерот, и посочи дека кај нас има веќе еден таков случај.ЗАЕВ ДАДЕ КОМЕНТАР ЗА НЕСОГЛАСУВАЊАТА МЕЃУ ФИЛИПЧЕ И ПЕНДАРОВСКИ
Премиерот Зоран Заев денеска во својот коментар за вчерашното препукување и меѓусебно обвинување помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски за доцнењето на вакцините против Ковид-19 го оцени како слобода во демократско општество.
- Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме, рече Заев, одговарајќи на новинарско барање да ја искоментира вчерашната преписка помеѓу Филипче и Пендаровски.
Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија, како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по сопствена волја, односно не ги организирала државата.ЛЕТОВО МОЖЕ ДА ПАТУВАМЕ ВО ГРЦИЈА, НО ИМА УСЛОВИ
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека е во постојана комуникација со неговиот грчки колега, а во разговор со грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис бил известен дека на 14. мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани.
Граѓаните на Македонија кои планираат да патуваат во грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.