ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна вакцинацијата во Македонија, Бугарија најавува дека сепак ќе одвои вакцини за нас
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Февруари, 2021
ПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА ИМУНИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА
Во точно 10 часот утринава почна имунизацијата против корона вирусот на здравствените работници, а први ја примија д-р. Добринка Наунова и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, оценува дека се е подготвено целиот процес на имунизација да се одвива без проблеми и дека во нареедните 10 дена би требало да заврши вакцинирањето со првата доза на сите 4.000 здравствени работници кои се пријавија досега.
-Системот добро функционира. Започнува со земање анамнестички податоци, краток преглед, административната работа, внесување на податоците за веќе закажаниот термин и закажување на следниот термин за ре-вакцинацијата после три недели и тоа интензивно се спремаше во овие изминати денови. Тука е поставена целата инфраструктура, дел од вакцините се чуваат и во овие фрижидери во модуларната болница. Може да седат до 5 дена на температура од 2 до 8 степени, после што се раствораат и во рок од 5 часа мора да се аплицираат на тие што ја примаат. Ова е еден систем којшто исто така беше дел од тренингот. Посакувам успешна имунизација, направивме организација - еднаш кога ќе започне имунизацијата да не запре. Ги очекуваме и следните количини според најавите и верувам дека во следните месеци ќе имаме навистина успешен процес на вакцинација, информираше Филипче.
Во продолжение погледнете низ фотографии како минува првиот ден од вакцинацијата.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во:
Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти од:
Скопје – 110, Куманово и Прилеп – по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка – по 5, Гостивар, Велес и Неготино – по 4, Битола и Гевгелија – по 3, Штип и Радовиш – по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.БУГАРИЈА СЕПАК ЌЕ ДОНИРА ВАКЦИНИ
Бугарија наскоро ќе донира вакцини за Македонија.
Штом ќе имаат доволно количества од ЕУ, тие ќе донираат, тврди министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е учесник.
„Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Северна Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор“, додава Захариева.ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ СЛОЖУВА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ ДА СТОИ ВО ЛИЧНИТЕ КАРТИ
Лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МКД.мк.
Тој вели дека ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, тој нема многу големи аргументи контра таквиот став и во таков случај би го потпишал указот.ПРОМЕНА НА ИМИЊА НА УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ
Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, ги објави петте улици на кои се враќаат старите имиња.
Една од нив е и „Јордан Мијалков“, која повторно ќе се вика „Железничка“. Се враќа и името на „Ленинова“, наместо „Аминта Трети“.
Останатите се „Филип Втори“, „Борис Сарафов“ и „Петре Пирузе“, кои сега ќе се викаат повторно „Стив Наумов“, „4 Јули“ и „Мексичка“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.