27 Април, 2024
0.0307

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Подгответе се за нова мерка, наскоро во одредени објекти ќе се влегува само со примени две дози вакцина

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

НАЈАВЕНА Е НОВА МЕРКА

Министерот за здравство Венко Вилипче денеска изјави дека засега здравствените власти не размислуваат за воведување задолжителна вакцинација, но дека ваквата можност не е исклучена особено во некои сектори. Вели дека се ќе зависи дали досегашниот опфат на вакцинацијата ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.

-Очигледно дека вакцинацијата го прави своето. Дека има ефект од овој процес е докажано и беше докажано во градовите во кои болниците воопшто не се преоптоварија. И доколку се заразат вакцинирани лица тоа ќе биде со полесна форма на болеста и тоа е нешто што се следи и во другите земји каде е прилично висок опфатот со вакцинација, нагласи Филипче.

Истовремено, министерот потенцираше дека наскоро би можело да биде воведена нова анти-ковид мерка, за што во вторник ќе дискутира Комисијата за заразни болести, а тоа се однесува на задолжителни две дози до вакцината против корона вирусот за да може да се влегува во одредени објекти каде е потребен сертификат за вакцинација.

ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје  –  266, Куманово – 36,  Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово  - по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1.

ПЕТ ДЕМОНСТРАНТИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО ТЕТОВО ДОБИЈА УСЛОВНИ КАЗНИ

Петмината демонстранти од Тетово добија условни казни затвор од една година. 

Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. 

Тие на 17 септември учествуваа на протести по пожарот во тетовската модуларна болница во која загинаа 14 луѓе.  Казната им е изречена денеска, на судењето кое се одржа во Основниот суд во Тетово. На Блерим Ахмеди (31) од селото Туин, Кичевско, Насер Белули (52), од Мала Речица, Џемал Садики (33), од селото Вешала, Тетовско и на Ветон Алити (33) и Арјан Шерифи (30) двајцата од Тетово, им се судеше за сторено кривично дело Напад врз службено лице за време на протестите.

Во судирите минатиот месец со полицијата дел од демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на ДУИ, а претходно фрлаа со јајца по општинската зграда.

АЛПИНИСТИ ЗАГИНАА ВО БУЧИМ

Две лица починале денеска во рудникот за бакар Бучим, информираа од рудникот. Несреќата се случила во 11:43 часот, во работната единица флотација.

Од компанијата информираат дека починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб ПЛОЧА од  Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи – чистење на високо недостапни силоси. 

АКЦИЈА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

Oбјавено е видео на кое се гледа како косовската специјална единица РОСУ упаѓа во аптека и фрла шок бомба. 

Еден специјалец се распрва со насобраните граѓани, а потоа влегува во аптеката.

Рациите се спроведени во четири косовски региони, вклучително и во Митровица, во рамки на „борба против шверцерите“, соопшти полицијата. Тие биле спроведени на „различни локации како куќи, фирми и складишта“. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оваа пандемија до ден денес не покажа апсолутно никакви знаци во намалувањето на нејзината моќ. Живеењето во време на пандемија е исклучително тешко, а посебно тешко да се одржи ментална и емоционална благосостојба, вели во разговор за Фактор, д-р Виктор Исјановски, специјалист психијатар и директор на Здравствен дом Скопје.

Властите не сакаат да остават на случајност кога станува збор за финансиската стабилност на државата и можните ризици за неа, но и доколку настане финансиска криза. Ќе се носи закон за финансиска стабилност, со кој е предвидено да се формира Комитет, како посебно тело кое ќе се грижи за стабилноста. 

Покрај редовните трошоци за одржување на магистралните и регионалните патишта, „Македонија пат“ за три милиони евра за товарни моторни возила опремени со специјална опрема за чистење на снег за прв пат по подолго време купи механизација за зимско одржување.

ЕСМ објави набавка на вкупно 1,2 милиони тони јаглен за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ Осломеј

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“