08 Јули, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Словенија, излевања има и во Хрватска, а утре невреме се очекува и во Македонија

Објавено во: Македонија 04 Август, 2023

Добивај вести на Viber

НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА

Во Цеље е евакуиран целиот стар град поради поплавите.  Поради надојдената Савиња, евакуирани се жители на одредени делови на градот од двата брега на реката.

Во централна Словенија имаше големи проблеми. И во главниот град Љубљана се огласи сирената за опасност, а реките Сава и Градашчица поплавија неколку куќи.

Во невремето во Словенија еден човек се удавил, а двајца Холанѓани загинале од удар на гром. Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во околината на Крањ.

Се урна мост во Словенија, а автомобилот запре во последен момент. 

Невреме ја зафати и Хрватска. Во Истра и на северот на Јадранот, како и на западните и северните денови во внатрешноста на државата веќе паѓа обилен дожд.

МНР ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ СЛОВЕНИЈА

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги повика Македонците кои се во Словенија да ги напуштат загрозените подрачја.

Поради големото невреме во Словенија, затворени се бројни патишта и автопатишта низ целата земја.

„Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни“, се вели во соопштението на МНР.

Од Министерството информираат дека доколку има граѓани во погодените региони и имаат потреба од помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса ljubljana@mfa.gov.mk.

ПОЖАР КАЈ СЛУПЧАНЕ

Пожар попладнево избувнал кај липковското село Слупчане. Горат трева и грмушки.

Како што објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот во липковско е на линија Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метри.

Во близина на пожарот има борова шума и прават напори да се спречи ширење во таа насока.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

АД ЕСМ распиша меѓународен тендер на кој бара фирма која ќе ја доведе топловодната мрежа во Битола со почетно инсталирање на топлински потстаници во 35 јавни институции и СКАДА систем кој ќе ги следи податоците.

По три години драматични загуби, кои надминуваа по половина милион евра, за кои се јави да ги коментира од Будимпешта дури и поранешниот премиер, Никола Груевски, има ли конечно надеж за Градскиот трговски центар оваа година да ја заврши во зоната на позитивата.

Желбите се едно, а можностите се друго. Граѓаните велат дека во поглед на патувањата и дестинациите за одмор, би оделе на многу места доколку имаат можности, но финансиите ги ограничуваат. Сепак, нашите соговорници објаснуваат дека македонскиот народ помалку патува за разлика од странците, и тоа го препишуваат на материјалната состојба, но и на менталитетот.

Можеби ќе ве интересира

„ЧОВЕКОТ КОЈ ЖОЛЧНО СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ДЕНЕС БЕЗ ГРАМ СРАМ СЕ ОДНЕСУВА КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО“: Филипче со реакција за Мицкоски и неговата посета на Вашингтон

„ЧОВЕКОТ КОЈ ЖОЛЧНО СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ДЕНЕС БЕЗ ГРАМ СРАМ СЕ ОДНЕСУВА КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО“: Филипче со реакција за Мицкоски и неговата посета на Вашингтон

АНГЕЛОВ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНАТА СО НЕГОВАТА СОПРУГА ПЛАНИНАРЕЈЌИ НА ШАР ПЛАНИНА: „Дваесет години заедно, дваесет години љубов, почит и страст“

АНГЕЛОВ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНАТА СО НЕГОВАТА СОПРУГА ПЛАНИНАРЕЈЌИ НА ШАР ПЛАНИНА: „Дваесет години заедно, дваесет години љубов, почит и страст“

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните