19 Декември, 2025
0.1274

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2024 15:39

Добивај вести на Viber

Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев, се огласи преку фејсбук. 

„Би сакал да дадам неколку совети и да упатам неколку предупредувања.

Временските услови овие денови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни а можеби и поагрсиевни.

Исто така, добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, главно гуштери и змии.

Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето.

Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак.

Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак „црна вдовица“, ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.

Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во нашата институција.

Исто така, сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот.

Колеги, браво за исклучително професионалнот и стручен пристап и брзата реакција.

Се во интерес на пациентите“, пишува д-р Чибишев.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните