„КРВАВА РАБОТА, ГРАДЕЖНИШТВОТО МИ Е ПОЛЕСНО“: За берење малини и до 4.000 дневница, но работата е многу тешка
Објавено во: Финансии 06 Јули, 2024 08:00
Сезонските работни места се профитабилни, но секако не се лесни. Иако можете да заработите добра сума, поминувањето на целиот ден на сонце со физички напор не е лесно, сепак младите често се одлучуваат да го поминат својот одмор на овој начин.
Имено, сега на една страна се води полемика околу берењето малини. Додека едни тврдат дека тоа е многу лесна работа, а сонцето е единствениот проблем, други велат дека ситуацијата е поинаква.
- Слушнав дека платата е добра и дека дневницата варира од 4.500 до 8.000 (2.250 до 4.000 денари)динари, но тешко е, пред се, психички, бидејќи лесно може да ве изнервира жештината. Вака ми звучи дека берењето малини е најлесната работа со која можеш добро да заработиш, без воопшто да биде тешко. Не знам какви се вашите искуства со оваа работа - пишуваше на Редит.
Сепак, во коментарите имаше и такви кои сепак пробале да берат малини, а набрзо се откажале.
- Слушајте ги луѓето кои биле. Тешко е поради жештината сигурно, плус инсекти, плус зависи колку е исечена тревата... што значи дека од тоа зависи видливоста на самиот терен од змии и други животни... Никој не ти плаќа 50-80 евра дневно за лесна работа – е еден од коментарите.
Оние кои биле, забележуваат дека работата воопшто не е лесна, но дека трудот на крајот се исплати.
- Воопшто не е лесна работа, но точно е дека парите се добри. Единствено добро е што најмногу имаш обезбедено сместување и храна, парите ги добиваш на крај и немаш каде да ги потрошиш. Има недостатоци, но најголем проблем секако е тешката физичка работа која трае со денови на многу високи температури. Има луѓе кои никогаш нема да ви го препорачаат ова, но ви го препорачувам барем на 7 дена, тоа е добро искуство, не се лоши пари и ќе научите што значи да се работи - напиша еден корисник.
Тогаш девојката која и самата се занимавала со сезонски работи, односно бере боровинки, истакнала дека и е тешко поради сонцето, но и постарите.
-Берев боровинки од 7 до 17 часот. Искрено, ми беше многу заморно поради сонцето, но имаше и интересни моменти. Бабите кои нон-стоп озборуваат и се караат меѓу себе се дефинитивно најлоши.
„Крвава работа“, „Пробав еднаш и никогаш повеќе“, „Полесно ми е во градежништво“, гласи еден од коментарите.
Телеграф.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





