06 Октомври, 2024
0.0268

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнува официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО и ќе оствари бројни билатерални средби со високи американски и меѓународни лидери.

„Голем поздрав од Вашингтон. Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас, а во нејзин составен дел се и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата, соопштија од владиниот кабинет.

- Она кое што сакам исто така да го потенцирам се големиот број билатерални средби кои што ќе ги имам заедно со државници на земји кои што се членки на НАТО алијансата, во деновите кои што следат, но исто така во деновите кои следат ќе имам средби со бизнис заедницата овде во САД, каде што ќе ги презентирам потенцијалите кои што ги нуди Македонија за инвестирање.Ќе најавам уште една нова странска инвестиција на компанија која што е дел од листата на најголемите 500-тини компании овде во САД, нови десетици милиони евра инвестиција и нови работни места за македонските граѓани. Тоа е она кое што преставува основен приоритет на новата влада во Македонија. Би сакал исто така да напоменам дека последните денови во Њујорк ќе ги искористам за средба со македонската дијаспора, македонските исселеници, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека би сакал од нив да слушне што е она што тие го очекуваат од новата влада и нормално, што е она што новата влада ќе го понуди за да можат нашите исселеници да се вратат дома, во нивната татковина, таму да инвестираат и практично да ги избегнат сите оние пречки кои што беа изминатиот период со кои тие се соочуваа при своето доаѓање назад во својата татковина.

Уште еднаш да се заблагодарам на македонската јавност што не следи изминатиот период и да ја охрабрам дека доаѓаат нови убави моменти за македонските граѓани. Ние на најдостоинствен начин, како што ни прилега, ќе ги претставуваме интересите на граѓаните и државата овде во Вашингтон , а потоа и во Њујорк, додава Мицкоски.


Премиерот Мицкоски ќе одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, по што ќе следуваат средби со претставници од бизнис заедницата во САД.Премиерот ќе има и средби со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во вечерните часови, пак, тој ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium.

Македонската делегација исто така ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми.

Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите, а министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин.

Посетата на премиерот Мицкоски има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица