Филипче: Ќе поднесеме Резолуција да го сопреме носењето мигранти, ако не се прифати, ќе повикаме на протест
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2025 10:57
Повеќе од јасно е дека договор за мигрантите има. Власта на ВМРО-ДПМНЕ мора да го потпише тој договор зошто тоа е врзано со кредитот од 6 милијарди евра. Работите се врзани во пакет, Мицкоски и владата отворија толку голема дупка што нема пари како да се затвори се, рече на прес конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Веќе сега, до крајот на годината има 1 милијарда евра недостаток во буџетот. Она што оваа власт го прави е истото што се случува во Србија, истите шеми на Вучиќ и ќе дадам само еден пример. Најпрво таму се обврзаа дека ќе се работи на проектот со литиум. Понатаму проектот го запреа и се распишаа избори. Но после изборите повторно го продолжија проектот со литиум за да запре кога почнаа студентските протести за натстрешницата. Дали сега ви е јасно дека Македонија се наоѓа во иста една таква криза. Кризата со мигрантите е иста како со литиумот во Србија и ова е истото препишувачко школо на Мицкоски и ДПМНЕ. Само го следат истото сценарио, се е ова копи-пејст. Најавивме дека власта подготвува избори следната година на пролет. Тоа значи дека мигрантите се веќе договорени, а за возврат треба да добијат пари. Мицкоски вчера изговори дека додека тој има мандат како премиер нема да има шатори за мигрантите, што може да значи едно од двете работи: Дека се планираат избори и мисли на втор мандат и второ, дека нема да има шатори и ќе има социјални станови. Но прочитани се, им ги знаеме сите чекори“, вели Филипче.
Посочи дека сите британски и светски медиуми веќе објавиле дека постои договор за Македонија да прима мигранти.
„Се споменуваат и вработувања, постојано домување, сместување во згради и така натаму. Што значи дека тоа е еден чекор до пасоши, тоа на целата јавност треба да и биде појасно. Албанија и Косово веќе прифатиле одбиени мигранти од Италија и Британија. Во Албанија веќе се пристигнати првите мигранти, донесени се со воен брод. Покрај Албанија и Косово, која е третата земја која не е членка во ЕУ, се разбира, Македонија. Прашањето е за јавноста, дали СДСМ е тој што лаже, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сега тоа ќе го објаснува, дека сите британски медиуми лажат, дека целокупната светска јавност лаже. Еве ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, да кажат дали цел свет лаже, само ВМРО-ДПМНЕ не лаже. Ние го направивме првиот чекор, повикавме да се потпише петиција. Молам сите да бидеме единствени, се работи за иднината на Македонија. Ова не е потпис за партија, ова е потпис за Македонија, за нејзината стабилност, за нејзината безбедност, за нашата иднина. И во оваа одбрана мораме сите да бидеме заедно. Да ги преземеме работите во свои раце. После оваа петиција, ќе излеземе во Собранието и ќе бараме резолуција ова да го сопреме. Дали Македонија, земја која не може да исплати плати, да одржи базичен ред дома, може да се справи со ваков наплив на мигранти? Дали економски ова може да се издржи? Одговорите сите ние ги знаеме“, рече Филипче.
Ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да застанат зад резолуцијата.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати оваа резолуција, ќе бидеме приморани да се бориме со сите демократски средства. Еден од нив е, да ги повикаме сите граѓани на протест, заедно, обединети, сплотени, да го блокираме процесот на носење мигранти во Македонија“, посочи Филипче.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“
Дали СДСМ „залута“ во мигрантската приказна и имаме ли причини за страв?
Салиу: Обвинението против мене за „Пулс“ е монтажна и поради политички игри
СУДЕЊЕТО ПОЧНА СО ОДБРАНАТА НА ШАБАН САЛИУ: Продолжува судењето за пожсрот во „Пулс“ во Кочани
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара внимание со невистини, мигранти нема да има
Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?
Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани





