ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 21:38
МЛАДИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ ЗАДУШИЛЕ
Кај сите жртви во дискотеката во Кочани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот, соопштија денеска деканот на Медицинскиот факултет во Скопје и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Тие соопштија дека по трагичниот настан во Кочани за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите. Како што истакнаа на прес-конференција, за ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози. Вклучени биле и тимови од МВР.
Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.
ИМА КРИВИЧНИ ЗА 34 ФИЗИЧКИ ЛИЦАМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција порача дека поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица, а не ја исклучува можноста понатаму да бидат опфатени многу повеќе осомничени во рамки на истрагата.
Тошковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека ќе биде земено и тоа во предвид дека во декември дискотеката била затворена од УЈП поради неиздавање фискални сметки, апотоа била повторно отворена. Додаде дека не се исклучени од понатамошна одговорност и началниците и службениците од СВР Штип и ОВР Кочани кои тој ги разреши пред некој ден, но дека за тоа треба прво да постои „одреден степен на сомнение“.ПОЖАР ВО СТРУМИЦА
Пожар се шири кај Струмица.
Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми. Огнот се движи кон Баница. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов соопшти дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.
Сепак, пожарот вечерва е ставен под контрола.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

МУЦУНСКИ: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

СЕ ОГЛАСИ ФОНДАЦИЈАТА ЗАЕВ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ - донирале 2.500 евра на семејствата на настраданите во страотниот пожар

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ДВАЈЦА МЛАДИ УГОСТИТЕЛИ: Срамота - пуштале музика во објектите, иако цела Македонија е завиена во црно
