КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 18:09
Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната пресконференција изјави дека ќе почне процесот на враќање на македонските пациенти настрадани во пожарот во Кочани на домашните клиники. Според него, ќе се види кој од пациентите на која клиника би се вратил, а кој би продолжил директно на домашно лекување.
Според министерот, најмногу пациенти заминаа на лекување во странство од КАРИЛ, и како што нагласи тој, не би можело сите да се вратат таму, бидејќи и други пациенти во земјава имаат потреба на лекување во оваа клиника. Таму, на КАРИЛ, ќе се направи тријажа и ќе се одлучи кој пациент на мкоја клиника би требало да се пренесе.
„Размислуваме како да го решиме проблемот со пациентите за кои ќе треба подолгорочна рехабилитација. Размислуваме за некој центар во внатрешноста во кој тоа би се организирало. Токму во таа насока Владата и донесе одлука за сите вработени во кочанската болница кои се ангажирани со договор на дело, нивниот работен однос да се трансформира и тие да добијат решенија на неопределено време“, рече Таравари.
За болните кои ќе се вратат од странските болници би помагале и странски кадри, а и сега во земјава има лекари од Чешка, Израел, но и лод Британија, а би дошле и дополнителен број лекари од странство за оние пациенти за кои ќе биде потребна рехабилитација.
„Значи за некои пациенти од странство тоа ќе биде подолг процес, но некои ќе можат да се вратат и со комерцијални летови, бидејќи се во навистина добра состојба“, рече Таравари.
Инаку, најголем дел од повредените пациенти имаат изгореници, а дел од нив искршеници, како и токсич ни материи кои ги погодиле дишните патишта.
А денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржал состанок со претставници од Министерството за здравство, Службата за општи и заеднички работи на Владата и Кабинетот на Претседателот на Владата, со цел координација и организација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои се на лекување во странство, по трагедијата во Кочани.На состанокот присуствувале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за здравство, Арбен Таравари, директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство како и претставници на сите надлежни институции.
- Во фокусот на состанокот беа практичките и техничките аспекти поврзани со враќањето на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување, како и на нивните семејства, со цел процесот да биде реализиран навремено и координирано, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Меѓуресорската координација, се најавува во соопштението, ќе продолжи и во наредниот период, при што внимателно ќе се следи состојбата на пациентите, а институциите, како и досега, ќе постапуваат усогласено и одговорно.
Можеби ќе ве интересира
ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности
