Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 14:52
„Од првиот момент нашите институции се целосно мобилизирани. Истражните органи работат итно и прецизно. Граѓаните ја заслужуваат вистината, и ќе ја имаат“, рече денеска портпаролката на Владата Марија Митева.
Нашиот приоритет сега е двоен: да ја завршиме институционалната работа со целосен интегритет и да преземеме итни чекори за да спречиме идни трагедии од ваков карактер. Затоа, во координација со сите релевантни органи, ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови – туку со акција.
„Јас денес ќе соопштам повторно информации од активностите на ДПИ во координација со МВР кои се однесуваат на вчерашниот ден, а се во насока на вонредните контроли за почитувањето на одлуката на владата за прогласување на денови на жалост. Во овие контроли вчера се утврдени два објекти кои не ја почитувале одлуката на Владата и работеле, за тоа се изречени соодветни мерки и затворање на локалите. Во однос на оние контроли кои се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци активноста продолжува, анализите се обемни, а проверките темелни се со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови.
Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерството за транспорт, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на лиценци кои со решение ќе бидат одземени, и тоа кај околу 100 затоа што е утврдено дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени.
И во ова надлежно министерство во текот на вчерашниот но и денешниот ден контролите продолжуваат и до крај на денот очекуваме нов пресек со детални информации за сите направени контроли на овој тип на лиценци.
Болката од оваа трагедија е неизмерна, но ќе ја информираме јавноста како напредуваат истрагите и како ги спроведуваме неопходните реформи и чекори коишто се наша обврска како Влада“, рече Митева.
Можеби ќе ве интересира
ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности
