17 Мај, 2024
0.0323

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Протестираа мајките, но и ВМРО-ДПМНЕ со барање за оставка на РКЕ

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

МАЈКИТЕ БАРААТ ДА ПРОДОЛЖИ ПОРОДИЛНОТО 

На протест пред Владата попладнево излегоа мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство. 

Тие се револтирани од одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на работа. 

Носат транспаренти на кои пишува „Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?“. 

Тие бараат да се поништи одлуката на Владата со која што на 23-ти септември тие ќе треба да се вратат на работа. 

Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, затоа што во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.

Досега петицијата ја потпишале 3.325 мајки.

Тие се заканија дека се подготвени своите деца да ги остават пред Владата, доколку тргнат на работа, а нема кој да им ги чува. 

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД РКЕ

Oд ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат надзорна расправа во Собранието за поскапувањето на струјата и оставка од Регулаторната комисија.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва од протестот порача дека поскапувањето на струјата ќе ги осиромаши граѓаните и дека Регулаторна не е како што вели, никакво експертско тело туку продолжена рака на премиерот Зоран Заев.

„Регулаторната комисија е обична маша во рацете на Заев“, кажа Јанушев. Овој протест против поскапувањето на струјата ВМРО-ДПМНЕ го организираше со автомобили кои во три колони се движеа од салата „Борис Трајковски“ преку булеварот Партизански одреди до седиштето на Регулаторната комисија.

Досега партијата организираше четири протести, од кои еден за одбрана на херојот Гоце Делчев. 

ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО СКОПЈЕ

Вистинска драма се случуваше попладнево во Скопје. 

Полицијата  попладнево добила повик преку кој е дојавено дека на булеварот Партизански одреди има бомба.

Сообраќајот низ центарот на градот е отежнат, а забележливо е и зголемено полициско присуство.

Улицата била блокирана, а полицијата излегла на терен, при што е пронајдена вага за мерење која се користи за на пазар. 

ПРЕТЕПАН ПАЛЕВСКИ

Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на улицата Златко Шнајдер,  две лица кои биле на мотоцикл со употреба на метален предмет го нападнале нападнат Љ.П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од полицијата. 

Се работи за бизнисменот Љупчо Палевски кој е претепан попладнево. 

ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот. 

СЕДУМ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Нови 186 заболени со Ковид - 19 во последното деноноќие регистрира Министерството за здравство. Биле направени 1.674 тестирања, а во овие 24 часа повторно има голем број починати. Битката со вирусот ја изгубиле седум луѓе - еден пациент од Куманово кој имал 53 години, двајца пациенти од Струга едниот 68, другиот 70 години, еден од Гостивар кој имал 61 години и тројца пациенти од Делчево на 43, 60 и 78 години. Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Од новорегистрираните најмногу се од Скопје - 56 случаи, следува Гостивар со 18 новозаболени па Кочани со 17. Во овој град на истокот очигледно епидемијата збувнува повторно. Во Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево -4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти.

ОСМАНИ НЕ ОЧЕКУВА БЛОКАДА ОД БУГАРИЈА

Бугарија веќе даде унилатерална забелешка, но го одобри и отпочнувањето на преговорите на нашата земја со ЕУ.  Не треба да наметнуваме негативна динамика на притисоци. Кога паѓа комуникацијата, се јавуваат предрасуди. Сега е добар момент да се воспостави интензивна комуникација“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи денеска на прашањето како Македонија ќе реагира по објавувањето на содржината на Меморандумот кој што Бугарија го испратила до земјите-членки на ЕУ а во кој има забелешки за јазичниот и националниот идентитет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дали ќе има нов ребаланс на буџетот Владата се уште анализира и тоа ќе се знае на крајот на месецов. Ќе зависи од финансиската тежина на четвртиот сет нови мерки за закрепнување на економијата и за помош на граѓаните.

Со неколку конкретни иницијативи ќе настапат бизнисмените пред министерот за финансии Фатмир Бесими - утре на средба во Стопанската комора претставници на реалниот сектор ќе му ги кажат на првиот финансиер сите нивни барања.

Одлични вести за имателите на акции на „Алкалоид“. Акцијата злато вреди и треба да се чува затоа што генерира и ќе продолжи да создава профити. 

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, информира дека РКЕ ќе им даде целосна поддршка на синдикатите и невладините, да се изборат за можноста субвенциите за енергетска сиромаштија да се прошират и да ги добиваат поголем број ранливи категории граѓани, односно покрај социјалните случаи, и оние кои се погодени од ковид кризата.

Можеби ќе ве интересира

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела