ФАКТОР НА ДЕНОТ: Прв ден без полициски час, и нови три жртви од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
ОД ДЕНЕС НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести, па така од денеска веќе не е на сила полицискиот час, беше воведен во изминатите два месеца со цел спречување на ширењето на крона вирусот во земјава.
Согласно препораките на Комисијата, кафулињата ќе отворат од утре, но се уште е неизвесно кога земјава ќе ги отвори границите. Како што беше наведено на прес конференцијата, земјите од соседството ќе направат заедничка оценка кога да се пристапи кон овој чекор.
Исто така, Владата одлучи и да се укине карантинот за сите кои ќе се вратат во земјава, а луѓето кои моментално се во некои од државните карантини може да заминат, но претходно треба да направат тест за коронавирусот.НОВИ ТРИ ЖРТВИ НА КОВИД - 19
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Во последното деноноќие има 25 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати, информира Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга кој имал 58 години и пациент од Скопје - 47 години и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентл од Тетово на 41 години хоспитализиран на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а новите случаи се најмногу од Скопје - 14
Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје.
Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.РЕИСОТ СУЛЕЈМАН РЕЏЕПИ Е РАЗРЕШЕН
Со двотретинско мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Реџепи од функцијата.
„Едногласно донесеовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.
До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.Речиси очекувано, пратеникот Мухамед Зекири реагираше радосно на веста за разрешувањето на реисот Реџепи од функцијата.
Наша претпоставка е дека неговиот последен пост се однесува на човекот со кој Зекири беше во долгогодишна вербална војна.
„Алах да не ги одзема душите на изрезилените без да им ги земе лицата !!!“, напиша Зекири на својот профил на фејсбук.
Потоа следуваат лавина од коментари од муслиманските верници, од кои дел сметаат дека реисот ќе недостига како прв човек на Исламската верска заедница, а други, пак, мислат дека е добро што е сменет реисот.ВО КОНФЕКЦИЈА ВО ШТИП УШТЕ ЗАРАЗЕНИ
Уште четворица вработени во штипската конфекциска фабрика Ти Стајл се позитивни на корона вирусот, а се чекаат резултати на уште неколкумина работници, потврди за Фактор, градоначалникот Благој Бочварски. Еден од тестираните е негативен на Ковид-19, вели тој, нагласувајќи дека градот ги презема сите мерки за безбедност и заштита од инфекцијата.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Со рекордно ниски камати и со многу поволни услови банките во земјава нудат станбени кредити.
Македонија се задолжи на меѓународниот пазар преку еврообврзница вредна седумстотини милиони евра.
Каматата е 3.95 отсто, дознава Фактор.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.