ФАКТОР НА ДЕНОТ: Расте бројот на заболени, кај заразените кои се вратија од Занзибар е откриен британскиот сој
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Март, 2021
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 22 до 28 февруари 2021, тестирани се вкупно 20.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, или 27,2 отсто повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4 отсто во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000)
Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7 отсто, просечно 17,9 отсто.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).ДЕНЕС ИМА НАД 700 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од: Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип - 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци - 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.КАЈ ЗАРАЗЕНИТЕ КОИ СЕ ВРАТИЈА ОД ЗАНЗИБАР Е ОТКРИЕН БРИТАНСКИОТ СОЈ
Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.
И во првиот случај резултатот беше ист. Maкедонски граѓани оделе на одмор во Занзибар затоа што за патување не е потребен негативен ПЦР тест.
ВАКЦИНИТЕ НА ФАЈЗЕР ЌЕ СТИГНАТ ПРИ КРАЈОТ НА МАРТ
Премиерот Зоран Заев вели дека како Влада направиле и повеќе од доволно за вакцините, но причина што ги нема е што тие недостигаат во целиот свет.
Договорот со Фајзер стигна. До крајот на првиот квартал, односно до крајот на март ќе пристигнат 21.000 дози вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев.БГНЕС ЈА ОБЈАВИ АДРЕСАТА НА КОЈА „ЖИВЕАТ“ МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ
На една адреса во Бугарија се водат 45.752 имиња со место на живеење, а нивниот список се простира на 1.000 страници, објави денес БГНЕС.
Адресата на живеење се наоѓа во округот Средец во центарот на Софија. Фотографијата со гласачкиот список од овие имиња ја објави општинскиот градоначалник Трајчо Трајков пред одржувањето на парламентарните избори во Бугарија.
Сите овие илјадници странци ја имаат истата адреса - улицата „Леге“ 6 во главниот град, каде се наоѓа администрацијата на областа Средец, потврди за БГНЕС градоначалникот на регионот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.