25 Ноември, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Реториката на лидерите се вжештува, а денес имаме нови 205 заразени од корона

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

РЕТОРИКАТА МЕЃУ ЛИДЕРИТЕ НА ПАРТИИТЕ СЕ ВЖЕШТУВА

Нова „бомба“ се појави денес во која претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги коментира албанските гласови. 

Заев за ТВ21 истакна дека ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“, вели Заев.

За ДУИ Заев во последно време повторува дека ќе одат во опозиција. 

СЕ СЛУШНАА И НОВИ „БОМБИ“

Не престанува објавата на нови телефонски разговори. Денеска на јутјуб каналот „Обнова на режимот“ беше споделена снимка од телефонски разговор на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за пратеник во петтата изборна единица. Во разговорот тие зборуваат за сообраќајка и блокада на пат во близина на Кичево.

Во дел од разговорот велат:

Г.Ј: Ало, Тони можеш да збориш?

А.М: Да, да, можам.

Г.Ј: Слушај, во првиот авион се повеќето према Струга, но независно, не знаеме што има во вториот. Значи, му реков на Миле, најверојатно контактирал он и со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот.

А.М: Види, може и тоа, ама тие ќе дојдат до павилјонот и ќе ги преземат со коли.

Г.Ј: Ако, ние ќе ги задржиме колку што може. Значи, не можеш ти да ги држиш од 4 до 7. Зашто ги фаќа нервоза. Тој командирот на аеродром е нивни, значи рачно прегледуваат, ама овој им виси над глава. На секој полицаец му виси над глава, знаеш дополнителен притисок…

А.М: Царината може нешто да направи?

ЗА 24 ЧАСА 205 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Од почетокот на епидемијата со корона вирусот во Македонија, денеска има 205 новозаразени граѓани. Починаа шест пациенти.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ) го врати приматот на економски мотор на Тиквешијата. 

Се ближи денот кога ќе се случи партиското одмерување на силите на предвремените парламентарни избори. 

Кој ќе ја однесе победата, ќе биде ли тесно, или, пак, ќе има јасен добитник, кој ќе биде партнерот, какви услови ќе поставува помалиот партнер за формирање влада?

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе, се затвораат денеска од 14 часот.

Оваа информација за Фактор ја потврди сопственикот на „Мода“ Ангел Димитров.

Ревизорите се прва порта на која се обраќаат странските инвеститори кога сакаат да инвестираат во змејата. Тие ја промовираат македонската економија на многуте меѓународни конференции на кои се присутни, вели Драган Димитров, претседател на Управниот одбор на Институтот за овластени ревизори на Р.Македонија (ИОРРМ).

Многу изборни ветувања, програми, стари и нови политички ликови. За многумина сепак тој е едно освежување. 

Станува збор за младиот политичар од Штип, Петар Колев кој најавува дека целта на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) чиј претседател е да предизвика коренит „ресет“ на нефункционалниот систем во Македонија, и со тоа да им ги наруши пазарењата на големите партии.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени