ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се празнуваат Бајрам и Свети Кирил и Методиј, а до вторник наутро останува на сила полицискиот час
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Мај, 2020
МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ
Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам.
Реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) го честитaше празникот.
„Светиот Месец Рамазан завршува и сите верници му се радуваат на празникот Фитр Бајрам кој што е круна на нашиот пост, на нашите ибадети, како и на нашите стремежи што по длабоко и по силно да ја демонстрираме нашата верба кон нашиот Создател, Семоќниот Алах, Абсолутниот Владетел на Световите. Ние, почитувани верници, излегуваме од еден Рамазан кој што годинава беше малку по различен, но само по формата, неговата основа и покрај пандемијата која што ни наметна многу рестрикции, беше непроменета како и во петнаесетте изминати векови на Исламот. Всушност, убеден сум дека Рамазанот што завршува не зајакна уште повеќе, опасноста што тлееше наоколу влијаеше повеќе да се наслониме на нашиот Бог, да бидеме по солидарни, да се присетиме со сето наше битие дека нашиот живот, среќата и иднината се Божја одредба. Над атмосферата преполна со дилеми и стравови што ги создаде Covid 19, надвладеа нашата љубов и нашата верба кон Алах. Величејќи го името Божје и чувствувајќи го задоволството на мирот и спокојот што тој ги всади во нашите души, ние го возобновивме нашето убедување зајакнувајќи ги нашите доблести и размислувајќи по длабоко околу нашите можни маани“, порача реисот.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски им упати честитка на сите граѓани од муслиманската вероисповест по повод големиот празник Рамазан Бајрам.Реисот Сулејман Реџепи го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов.
Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам, по што изјави дека коронавирусот е мртов.МАКЕДОНИЈА ГИ ЧЕСТВУВА КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.
Во почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Кирил на 27/14 фев. и на св. Методиј на 19/6 април. Но, подоцна се јавила потреба за нивен заеднички празник, едно затоа што тие се родени браќа и друго затоа што заедно извршувале иста дејност.
Најпрвин заедничкото празнување било на денот на упокојувањето на св. Методиј, како што е запишано во Станиславовиот пролог: „И се празнува нивниот спомен на 6 април и црквите многу празнуваат во нивниот спомен“.СЕ ИГРАШЕ ОРО ВО ЧАИР
Припадниците на исламската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам, а жителите на скопската населба Чаир со зурли и тапани играат оро на сред улица.
На социјалните мрежи се појави вакво видео.НОВИ 37 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ
37 новозаразени и 11 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие има во Македонија.
Регистрирани се 12 случаи во Скопје, осум во Куманово, седум во Тетово, четири случаи во Струга и по два случаи во Штип, Прилеп и Охрид, информираа од Министерството за здравство.
„Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1,422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443“, се наведува во соопштението на МЗ.
Во изминатото деноноќие направени се 508 теста. Од вкупниот број тестирања 188 теста се во рамките на скринингот, а од нив, потврден е еден позитивн случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.