ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се укинува полицискиот час, а кафулињата ќе работат од четврток
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Мај, 2020
ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес - конференција изјави дека Владата донела одлука од утре да не важи полицискиот час.
Ден подоцна ќе работат угостителските објекти, со утврден протокол
Од 1 јуни ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа.
Државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за македонските државјани кои ќе допатуваат од странство.
Комисијата за заразни болести треба да направи проценка за отворањето на државните граници.
„Ова го правиме во координација со државите од регионот“, вели Спасовски.
Комисијата ќе треба да подготви протокол за работата на хотелите.
„Состојбата со коронавирусот е под контрола, а бројот на активни е стабилен“, рече премиерот.
Додаде дека им е познато од каде деновиве имаме зголемување, и рече дека кластерите се познати.И ПОНАТАМУ ЌЕ МОРА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ И ДА СЕ ВНИМАВА НА ДИСТАНЦА
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека по 3 месеци откако се појави првиот случај на Ковид -19 во земјава, сега сме на раскрсница што понатаму.
Филипче вели дека дел од граѓаните се дисциплинирани, но има и граѓани кои не ги почитуваат мерките, а не ни веруваат во постоењето на вирусот.
„Ние со овие мерки продолжуваме понатаму, и тоа е клучот со кој животот ќе го вратиме во нормала. Сакам да кажам дела сме целосно подготвени да се носиме со ситуацијата“, наведе министерот.
Вели дека само со придржување на мерките, ќе ставиме крај на епидемијата.Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје изјави дека за 14 дена имаат од 10 до 40 регистрирани случаи, односно во просек 24.
Вели дека она што треба да се каже е дека имаме 113 смртни случаи, но во последните 14 дена смртноста е намалена.
„Еден од факторите што не натера да размислуваме за олабавување на овие мерки во прва, втора фаза, е намалениот морталитет којшто ги следи светските и европските трендови“, вели тој.
Додаде дека ќе има скрининг на населнието, односно ќе бидат направени 10.000 тестови кои ќе ги опфатат лекарите, таксистите, вработените во АРМ.
Во 7 градови има од 1 до 3 пациенти кои ги следиме, додаде тој.ДЕНЕС ИМА 3 ПОЧИНАТИ, И НОВИ 16 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека денеска починале тројца пациенти од корона вирусот. Во неговата објава на Фејсбук, Филипче наведува дека на Клиниката за инфективни болести починала пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај, во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.
Истовремено, како што пишува министерот, денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 14 оздравени пациенти, од Скопје тројца и од Тетово 11пациенти, но, во последните 24 часа од направените 314 тестирања, регистриранисе 16 нови случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Младите Македонци живеат во заедница и во премали домови.
Податоците на Евростат покажуваат дека 51 отсто од младите до 30 години живеат во заедница во многу мали живеалишта.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.