15 Декември, 2025
0.0309

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 22:27

Добивај вести на Viber

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГО ПРЕДЛОЖИ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од кабинетот. 

Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

AКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРОТИВ „БЕЛАНОЦА-БАРОН“

Четири лица се приведени, а во домот на едниот е пронајдена голема количина марихуана. Лицата се сомничнат дека е поврзани со делата злосторничко здружување и убиство. Ова е во кратки црти епилогот од денешната акција на Министерството за внатрешни работи под раководство на обвинителе од ОЈОГОКК. 

- Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во предметот под кодно име „Бункер“, под раководство на предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска во текот на утринските часови единиците на МВР извршија претреси на пет локации во Скопје. 

НИКОЛОСКИ ОБЈАСНИ ЗА КОИ ПРОЕКТИ ЌЕ ГИ ТРОШАТ БРИТАНСКИТЕ ПАРИ

Брза пруга и нови болници ќе се градат со парите што Македонија ќе ги добие од Британија. 

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека Македонија добива на располагање 5 милијарди британски фунти (околу 6 милијарди евра) од британскиот Инструмент за поддршка на надворешното финансирање (UKEF) за реализација на значајни инфраструктурни проекти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Жените во Македонија остануваат помалку активни на пазарот на труд и покрај бројните мерки за поддршка на бизнисите или за намалување на невработеноста.

Според податоците на УНИЦЕФ кои неодамна беа објавени, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија и тоа си носи последици.

Полог е синоним за претприемачи, вредни луѓе со силна приватна иницијатива, со „њух за бизнис“. 

Како што веќе објави Фактор, српската Алта банка најавува дека има намера да даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани