07 Јануари, 2025
0.0249

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова не го потпиша указот на измените на Законот за детска заштита, ДУИ се побуни

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕ ПОТПИША УКАЗ НА ЗАКОН, ДУИ РЕАГИРА

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, не го потпишала указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Од СДСМ го поздравија овој чекор и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од измените на законот.

„Го поздравуваме непотпишувањето на указот од страна на претседателката, со што се отвора можност за ревизија, и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби што ги содржи законот. Членовите 9 и 10 од Предлог-законот, предложен од Владата, значат воведување двојазични лиценци во областа на детската заштита. Овој сегмент е веќе регулиран со друг закон за употребата на јазиците, а истовремено е спротивен на Уставот на државата. Дополнително, предложените измени враќаат процеси наназад, дозволувајќи лиценцирање во хартиена форма наместо дигитална, што отвора простор за злоупотреби, партизација и сомнително доделување на лиценци по партиски клуч“, истакнаа од СДСМ.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува скандалозната одлука на претседателката Гордана Сиqановска-Давкова за ставање вето на двојазичноста.

„Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија! Но, ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на ВЛЕН, Африм Гаши, јавно настапи со изјава со цел да го подготви јавното мислење против албанскиот јазик и да создаде алиби за овој чекор, а веднаш потоа, разгорениот антиалбански национализам се активираше за да негира и напаѓа сè што е албанско. Ова е агресија против Албанците, во која ВЛЕН свесно ја презема улогата на соработник. Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.

ЛЕВИЦА БАРА МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Ситуацијата со аерозагадувањето е крајно алармантна и затоа Левица бара итни и неодложни краткорочни мерки кои можат веднаш да се спроведат преку координација на градските власти и институциите: 

• Спроведување на итни инспекциски надзори, изрекување казни и забрана за работа на загадувачите за кои се утврдило дека загадуваат повеќе од дозволеното;

• Машинско чистење на улиците од насобраната прашина со специјализирани возила за перење и правосмукање;

• Поставување на високоефикасни електростатски филтри на оџаците на сите големи индустриски капацитети кои загадуваат, како што се ,,Цементара", ,,Железара", ,,Макстил", ,,Југохром", ,,Дрисла" итн., како и инсталирање прецизни сензори за мерење на емисиите;

МАЛОЛЕТНИК ОД КУМАНОВО СЕ ЗДОБИЛ СО ПОВРЕДИ ОД ПЕТАРДИ

Малолетник од Куманово заврши во болница поради повреди од петарди. 

Лекар од Општа болница Куманово вчера пријавил во полиција дека кај нив со повреди е донесен малолетник. Тој со повредите се здобил од пиротехнички средства-петарди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ И ДАЛИ ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА

Различни верзии се појавија во црногорската јавност по масакрот кој на 1 јануари се случи во Цетиње, каде напаѓачот Ацо Мартиновиќ уби 12 луѓе. 

Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека земјата се бори со хроничен недостиг на полициски кадар, додека вршителот на должноста директор на полициската управа Лазар Шќепановиќ ја обвини претходната влада за процут на организираниот криминал во последните три децении.

Можеби ќе ве интересира

ЕКС МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ И СОПРУГАТА НАСКОРО ОЧЕКУВААТ ПРИНОВА: Со посебна фотографија го честитаа големиот празник

ЕКС МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ И СОПРУГАТА НАСКОРО ОЧЕКУВААТ ПРИНОВА: Со посебна фотографија го честитаа големиот празник

„БОЖИКНИОТ РУЧЕК Е ДОЛГА МАСА СО РАЗЛИЧНИ ГЕНЕРАЦИИ“: Вака се слави Божик во домот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев

„БОЖИКНИОТ РУЧЕК Е ДОЛГА МАСА СО РАЗЛИЧНИ ГЕНЕРАЦИИ“: Вака се слави Божик во домот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев

ИМА ПОСЕБНО МЕСТО ВО НЕГОВОТО СРЦЕ - ТАРАВАРИ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН: Бог не може да биде насекаде, затоа ги создаде Мајките!

ИМА ПОСЕБНО МЕСТО ВО НЕГОВОТО СРЦЕ - ТАРАВАРИ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН: Бог не може да биде насекаде, затоа ги создаде Мајките!

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛОТО НА НОВИНАРКА ВО ОХРИД: Повредени нема

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛОТО НА НОВИНАРКА ВО ОХРИД: Повредени нема

МИЦКОСКИ СО БОЖИКНА ПОРАКА: „Љубовта, вербата и солидарноста да нè водат напред“

МИЦКОСКИ СО БОЖИКНА ПОРАКА: „Љубовта, вербата и солидарноста да нè водат напред“

ГО СЛАВИМЕ НАЈРАДОСНИОТ ПРАЗНИК, БОЖИК – ХРИСТОС СЕ РОДИ: Ова е најголемиот празник на христијаните!

ГО СЛАВИМЕ НАЈРАДОСНИОТ ПРАЗНИК, БОЖИК – ХРИСТОС СЕ РОДИ: Ова е најголемиот празник на христијаните!

БОЖИЌНА ПОРАКА НА Г.Г. СТЕФАН: Еве што вели поглаварот на МПЦ

БОЖИЌНА ПОРАКА НА Г.Г. СТЕФАН: Еве што вели поглаварот на МПЦ

ЕВЕ КАДЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОТ НА МИЦКОСКИ: Беше на вечера кај неговите родители

ЕВЕ КАДЕ ПАДНА ПАРИЧКАТА ВО ДОМОТ НА МИЦКОСКИ: Беше на вечера кај неговите родители

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух