ФАКТОР НА ДЕНОТ: Спасовски даде детали за убиството на Тот, полицијата распиша меѓународна потерница по првоосомничениот
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022 21:20
СПАСОВСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА РАКОМЕТАРОТ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за нападот на починатиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ вели дека полицијата не можела брзо да реагира затоа што никој не го пријавил случајот од самото место на настанот, кој резултираше со две уапсени лица. Дополнително, министерот смета дека Хрватот претходно имал лични недоразбирања со 19-годишната девојка која учествува во неговото претепување во јавност.
- Најпрво сакам да отфрлам со индигнација се она што деновиве се пласира во јавноста за наводно сокривање на овој случај или застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која што не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир, односно за тепачката, туку истата е добиена дури од Клиничкиот центар во Скопје.ПОЛИЦИЈАТА РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ПРВООСОМНИЧЕНИОТ
Полицијата распиша меѓународна потерница за првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски, за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
МАСКИТЕ ВО ЗАТВОРЕНО НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ
Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.
Оваа информација ја објави на својот фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби; учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.
ЗЕЌИРИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, ВЛАДАТА ИЗБРА ЗАМЕНИК
Eкс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор во истражниот затвор „Скопје”.
Кривичниот совет денеска го потврди решението на судијата на претходна постапка.Методија Димовски е новиот генерален секретар на владата на местото на Мухамед Зекири.
Владата на денешната седница Владата прво го разреши Зекири од генерален секретар на Владата, а потоа и Димовски од член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето. По ова Димовски е именуван за генерален секретар на Владата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Расте инфлацијата во Македонија, а со тоа се очекува да порасне и бројот на сиромашни граѓани.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




