ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србија ни донираше уште 40.000 вакцини, денес имаме над 1.400 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Април, 2021
СРБИЈА ДОНИРАШЕ УШТЕ ВАКЦИНИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Во Македонија денеска пристигна втората донација од Србија. Премиерот Зоран Заев информираше дека станува збор за два пати по 20.000 дози од вакцината Спутник V, при што изрази огромна благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и останатиот државен врв.
Рече дека со ваквиот благороден пријателски гест на соседна Србија ќе може непречено во Македонија да продолжи вакцинацијата чиј старт беше вчера. Истовремено, Заев апелираше граѓаните масовно да се пријават за вакцинација, бидејќи единствениот излез од пандемијата е само доколку има огромен број вакцинирани.
– Подготвена е салата „Борис Трајковски“, подготвени се вакциналните пунктови во сите градови и продолжуваме со масовна вакцинација – рече Заев.
Премиерот нагласи дека сите вакцини се сигурни и безбедни, дека не постои причина граѓаните да стравуваат.ДЕНЕС ИМАМЕ НАД 1.400 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци - 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино - 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Регистрирани се 761 оздравен пациент од:
Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.
Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОРОТ ВО КИЧЕВО КОЈ ИСТАКНА ТАБЛА СО „РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА“
Министерството за внатрешни работи објави дека против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи,е поднесена кривична пријава откако во јавноста беше обелоденет случајот дека во оваа установа поставена е информативна табла со назив „Република Албанија“.
Функционерот е под сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на Република Северна Македонија“.
На 25 март 44-годишниот директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“, дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик.КОВАЧЕВ СО ШЕГА ЗА 1 АПРИЛ
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев саркастично објави првоаприлски пост во кој наведува дека двајцата лидери на двете најголеми политички партии - Зоран Заев и христијан Мицкоски на својата последна средба договориле признавање на Цар Самуил како Бугарин.
„Мојата најискрена честитка до премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицковски! Вистински европски лидери! Само што разбрав дека како резултат на нивниот состанок пред некој ден, Владата на РСМ презеде одлука за усвојување и воведување во учебниците, од денес, 1 април, во кои се општо прифатени дефинициите од светската историографија да бидат усвоени и применети за внатрешна службена употреба и дека историските факти повеќе нема да бидат фалсификувани, искривени, маскирани и толкувани.ПОПИСОТ НЕ ПОЧНА, СОБРАНИЕТО Е НА ПОТЕГ
Државниот завод за статистика соопшти дека нема да почне на терен со активности за пописот, кој требаше да стартува од денеска.
„Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен“, соопштија од ДЗС.
Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.