08 Февруари, 2025
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп се закани со санкции за Русија ако не сака да постигне договор за мир во Украина

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО САНКЦИИ ЗА РУСИЈА

Американскиот претседател ја повика Москва да го прекине украинскиот конфликт „на лесен начин“, заканувајќи ѝ се со поголеми санкции доколку не го стори тоа.

Тој денескапостави ултиматум до Русија, барајќи од Москва да ја заврши војната во Украина и да склучи „договор“ или ќе се соочи со нови санкции и високи увозни царини.

Трамп го објави предупредувањето во објава на неговата онлајн платформа „Truth Social“, објавувајќи ја својата „љубов“ кон рускиот народ и инсистирајќи дека „не сака да и наштети на Русија“.

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛИЗНАЧИЊАТА ВО ПРИЛЕП

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

-Инспекторатот ќе издаде и наредба за задолжително известување на надлежен Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот односно неговиот родител/старател се спротивставени, а за што од страна на ДСЗИ ќе биде спроведена и соодветна прекршочна постапка. Истовремено ДСЗИ врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно Законот за здравствена заштита, стои во известувањето на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

РУСИЈА ВЕЛИ ИМА МАЛИ ШАНСИ ЗА ДОГОВОР

Русија сепак не очекува дека ќе има брз договор за крај на војната во Украина. 

Русија гледа мали шанси за постигнување договор со американскиот претседател Доналд Трамп, но Москва веќе се подготвува за идни разговори меѓу претседателот Владимир Путин и новиот американски претседател. Ваков став денеска сподели рускиот дипломат задолжен за односите со САД, Сергеј Рјабков. 

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој ги надгледува односите со САД и контролата на вооружувањето, во престижниот руски институт за американски и канадски студии изјави дека има шанса за договор, но таа е многу мала.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најнови бројки на Народната банка за македонското штедење и кредитирање. Се однесуваат за крајот на минатата година, и недвосмислено покажуваат една работа, а таа е дека Македонците се научија да штедат во денари, и не само тоа, туку и дека повеќе преферираат да ги чуваат своите пари во банка во домашната валута.

Сериозна објава преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност стигна од домашната фармацевтска компанија „Реплек“.

АД Државна лотарија под водство на Перпарим Бајрами, поранешниот директор кој е недостапен за органите на прогонот, трошоците за услуги и за работење за една година ги има зголемено од 6 на 11 милиони евра.

Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални летови, и забележан е раст од 5,8 проценти во споредба со 2023 година кога биле остварени 6,3 милиони летови, објави европскиот статистички центар „Евростат“.

Можеби ќе ве интересира

ШОЛЦ: Берлин е подготвен да ја поддржи обновата на Сирија

ШОЛЦ: Берлин е подготвен да ја поддржи обновата на Сирија

УКРАИНСКА ОФАНЗИВА ВО КУРСК: Колку километри напредуваа?

УКРАИНСКА ОФАНЗИВА ВО КУРСК: Колку километри напредуваа?

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО БРИСЕЛ? Престрелките со калашников ги испаничија жителите, војните меѓу бандите излегуваат од контрола

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО БРИСЕЛ? Престрелките со калашников ги испаничија жителите, војните меѓу бандите излегуваат од контрола

ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ ОТЕЖНАТА - спасувачките екипи се „борат“ со непристапниот терен на Алјаска

ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ ОТЕЖНАТА - спасувачките екипи се „борат“ со непристапниот терен на Алјаска

„МРЕЖАТА НА СОРОС МОРА ДА БИДЕ ЗБРИШАНА ОД УНГАРИЈА“: Орбан повторно со дирекна порака против познатиот филантроп

„МРЕЖАТА НА СОРОС МОРА ДА БИДЕ ЗБРИШАНА ОД УНГАРИЈА“: Орбан повторно со дирекна порака против познатиот филантроп

„ОДНОСИТЕ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОНИСКИ“: Гренел за односите на САД и Косово постот го започна со „ЗАБЛУДА“

„ОДНОСИТЕ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОНИСКИ“: Гренел за односите на САД и Косово постот го започна со „ЗАБЛУДА“

ПРОТЕЧЕ ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА: Какви отстапки ќе треба да направи Украина, а какви Русија?

ПРОТЕЧЕ ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА: Какви отстапки ќе треба да направи Украина, а какви Русија?

ТУРЦИЈА ЗА ГАЗА: Не сакаме раселување на Палестинците

ТУРЦИЈА ЗА ГАЗА: Не сакаме раселување на Палестинците

РУСКИ КАНТАВТОР ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ И ПОЧИНА: Ja критикуваше инвазијата на Украина

РУСКИ КАНТАВТОР ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ И ПОЧИНА: Ja критикуваше инвазијата на Украина