16 Февруари, 2025
0.2155

ТУСК ПОРАЧА ДЕКА ВРЕМЕТО НА УДОБНОСТ ЗАВРШИ: Европа мора да биде вооружена ако сака да опстане

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По доаѓањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД, европските земји се во неизвесност за повеќе работи. 

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „времето на удобност е завршено“ за Европската Унија(ЕУ). Тој повика на значително повисоки распределби за одбрана, дерегулација и обезбедување на границите од илегалната миграција.

„Ако денес претседателот на САД зборува за потребата Европа, американските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, да го третираме како позитивен предизвик“, вели Туск. 

Тој кажа дека ЕУ може да застане на страната на најголемите светски сили, потсетувајќи дека има 450 милиони жители и ист удел во светскиот БДП како и САД.

Во своето обраќање пред европратениците, Туск повика на распределба на пет проценти од БДП за одбрана, дерегулација со цел да се зајакне конкурентноста, вклучително и со напуштање на делови од Зелениот план и обезбедување на границите против илегалната миграција.

Премиерот на Полска, земјата која троши најмногу за одбрана меѓу своите членки, околу пет отсто, ги повика и другите земји од ЕУ да го сторат истото. 

„Европа мора да биде вооружена ако сака да опстане“, вели Туск. 

Туск рече дека победата на Доналд Трамп е „скок во непознатото“, но и дека Европа никогаш не се плашела од тоа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе претставува предизвик за Европа.

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи мобилизирање на младите луѓе за помош на вооружените сили на земјата. Проектот за „мобилизирање“ на поголем број млади волонтери ќе послужи за зајакнување на воените редови.

Кажа дека државата мора да се прилагоди на безбедносните закани кои тој ги поврза со конфликтот во Украина. Полска е голема поддржувач на Украина која се бори против руската агресија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Можеби ќе ве интересира

Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Сириецот кој уби дете и рани уште четворица со нож во Австрија се смеел кога го апселе

Сириецот кој уби дете и рани уште четворица со нож во Австрија се смеел кога го апселе

Рубио оствари телефонски разговор со Лавров: Посветени сме за крај на конфликтот во Украина

Рубио оствари телефонски разговор со Лавров: Посветени сме за крај на конфликтот во Украина

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)