28 Март, 2025
0.0369

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен Папазов и неговите претходници

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 21:19

Добивај вести на Viber

УАПСЕН Е ЉУПЧО ПАПАЗОВ И НЕГОВИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, потврдуваат од МВР за Курир.

Од Обвинителството информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”.

„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО. 

ПОГРЕБАНИ ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево. 

Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи. 

Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани... На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство. 

ПОВРЕДЕНИ ПРЕФРЛЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА И ШПАНИЈА

Седум повредени од пожарот во Кочани се транспортирани во Шпанија.

Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка.

„По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со жртвите од пожарот“, стои во објавата на „Х“ на Шпанската амбасада во Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 млади луѓе во неделата, Кочани и целата држава деновиве се во агонија и последиците од оваа колективна траума ќе бидат присутни година или две од немилиот настан. 

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а десетици останаа со повреди, што од изгореници, што од вдишување чад, покажува колку всушност непрофесионалноста може да доведе до огромни и ненадоместливи загуби. 

Ако во јануари годинава донесе одлука да ја покрива загубата од 3,7 милиони евра од 2023 година со идно позитивно работење, треба да се признае дека ниту ланската година не и донела многу голема среќа на странската компанија „Вабтек“, односно поранешно МЗТ, која откако е во сопственост на американскиот инвеститор, се занимава со производство на сопирачки за шински возила.

По неколку дена од трагедијата во импровизираната дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, здравствената состојба на повредените пациенти, згрижени во македонските и странските болници е стабилна.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ БАРА КОМИСИИ ЗА ДА ЈА СОКРИЕ ВИСТИНАТА, А НЕ ЗА ДА ЈА ОТКРИЕ!“: ВЛЕН со остра реакција на барањето на опозицијата за истрагата во Кочани

„ДУИ БАРА КОМИСИИ ЗА ДА ЈА СОКРИЕ ВИСТИНАТА, А НЕ ЗА ДА ЈА ОТКРИЕ!“: ВЛЕН со остра реакција на барањето на опозицијата за истрагата во Кочани

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

(ВИДЕО) Милчо Манчевски: Не снимале филмови, а земените пари не ги вратиле

(ВИДЕО) Милчо Манчевски: Не снимале филмови, а земените пари не ги вратиле

НАТО НЕ Е САМО ВОЕНО-ПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ: Се одбележуваат 5 години од членството на земјава во алијансата

НАТО НЕ Е САМО ВОЕНО-ПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ: Се одбележуваат 5 години од членството на земјава во алијансата

ВИКЕНДОВ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ СОН - сабота кон недела почнува летното сметање на времето

ВИКЕНДОВ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ СОН - сабота кон недела почнува летното сметање на времето

ВРЕМЕ Е ДА РАСКАЖАМ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПО УБИСТВОТО НА МОЈАТА СЕСТРА ФРОСИНА: Таму јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна, важна е агендата, тврди сестрата Росица

ВРЕМЕ Е ДА РАСКАЖАМ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПО УБИСТВОТО НА МОЈАТА СЕСТРА ФРОСИНА: Таму јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна, важна е агендата, тврди сестрата Росица

Рудникот „Булмак“ казнет со 200.000 евра откако тешки метали се излеаја во Крива Река

Рудникот „Булмак“ казнет со 200.000 евра откако тешки метали се излеаја во Крива Река

ДЕВЕТ ОД ДЕСЕТ УЧИЛИШТА БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ НА ДИВО И НЕМАЛЕ ИМОТЕН ЛИСТ: Еве во какви објекти учеле децата на Чаирчани

ДЕВЕТ ОД ДЕСЕТ УЧИЛИШТА БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ НА ДИВО И НЕМАЛЕ ИМОТЕН ЛИСТ: Еве во какви објекти учеле децата на Чаирчани

Од Широк сокак, преку Бахреин и Малта: На само 18 години пуштала музика во луксузниот скијачки центар Сент Мориц - Интервју со диџеј Тања

Од Широк сокак, преку Бахреин и Малта: На само 18 години пуштала музика во луксузниот скијачки центар Сент Мориц - Интервју со диџеј Тања