РЕАКЦИЈА ОД „ОРКА ХОЛДИНГ“: Демантираме дека имаме каков било партнерски однос со „Бест веј“ и семејството Мијалкови
Објавено во: Економија 26 Март, 2025 13:12
Во врска со денешниот текст на порталот Фактор „Мијалков сака да се врати во бизнисот со ‚ЗК Пелагонија' и ‚Здравје Радово'“, од ОРКА Холдинг денеска се огласија со демант на оваа информација.
Имено, од Орка Холдинг демантираат дека имаат каков било партнерски однос со „Бест веј“ или со семејството Мијалкови.
„Уделот на ‚Бест веј' е продаден на фирма поврзана со семејството на Цветан Панделевски, меѓутоа поради манипулации на акционерите во ‚ЗК Пелагонија' која има за цел преземање на комбинатот, таа купопродажба на акции не е заведена во Централниот регистар веќе пет години“, објаснуваат од ОРКА Холдинг.
Од ОРКА Холдинг за Фактор уште еднаш потенцираат дека компанијата нема никаква допирна точка со фирмата „Бест веј“.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




