31 Март, 2025
0.0429

ВРЕМЕ Е ДА РАСКАЖАМ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПО УБИСТВОТО НА МОЈАТА СЕСТРА ФРОСИНА: Таму јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна, важна е агендата, тврди сестрата Росица

Објавено во: Македонија 28 Март, 2025 09:57

Добивај вести на Viber

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова, Росица КУлакова се огласи на фејсбук, по неколкудневното обвинување дека иницијативата која организираше протести „Кој е следен“, сепак не е толку граѓанска. 

Таа вели дека се чувствуваат злоупотребени. Прочитајте зошто.

Зошто бев тивка и зошто повеќе не можам да бидам.

Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка - затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност.

Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина.

31 Јануари - Денот на погребот

На денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага - се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите.

Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“

Чесни исклучоци постојат, но јас зборувам за сенките

Пред да објаснам зошто се чувствуваме злоупотребени како семејство, морам да нагласам дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива. Луѓе со добри намери. Ова не е критика до секој што беше дел од „Кој е следен“.

Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки.

Вторите протести - моментот кога сè стана јасно

Веќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот - имаше јасен организатор, агенда, насока. И да бидам искрена, тогаш сè уште верував. Таа поддршка ми значеше. Мислев дека некој вистински се грижи, дека можеби има надеж.

Но денес ми е жал што морам да кажам дека видов и доживеав сосема спротивно.

Манипулацијата почнува и жртвата станува неважна

Присуствував на еден состанок - последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент.

И тука морам да бидам прецизна - тие што тогаш го водеа тој наратив, тие што не гледаа како средство, а не како луѓе, денес стојат во позадина и ја поддржуваат иницијативата „Кој е следен“. Не се тие што се појавуваат напред, туку тие што тивко ги влечат конците.

И за да ви доловам за каков тип луѓе станува збор - тоа се истите што во минатото шетаа со транспаренти “Црквата да одјебе”, што палеа канцеларии, што не познаваат граници кога се работи за промовирање на своите цели. Не зборувам за луѓето што искрено протестираат - зборувам за тие што стојат зад сцената. За тие што имаат агенда, а не срце.

8 Март - најболната навреда

Протестите за 8ми Март нема ни да ги коментирам. Ако некому му се чини соодветно да маршира со тенџериња и дрвени лажици од место каде што некој трагично загинал, нека му служи на чест. Јас мислам дека тоа беше врв на непочитта.

Од ожалостено семејство - до мета

Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето - се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација.

Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата.

“Кој е следен?” да ве прашаме вас:

Кој е следен?

Која мајка?

Кој брат?

Која сестра?

Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“, напиша таа на социјалните мрежи. 





Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ГО САНКЦИОНИРАШЕ ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР - снимката беше споделена на социјалните мрежи

ПОЛИЦИЈАТА ГО САНКЦИОНИРАШЕ ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР - снимката беше споделена на социјалните мрежи

ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток

„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура