ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште 90 заразени со Ковид - 19, Скопје и Тетово се најголеми жаришта
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Јуни, 2020
ДЕНЕС ИМАМЕ 90 НОВИ ЗАРАЗЕНИ И 9 ПОЧИНАТИ
Во последното деноноќие има 90 нови позитивни на корона вирусот но, загрижувачка е бројката на починати. Денеска нивниот број е 9, односно пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).
Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.
Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.СКОПЈЕ И ТЕТОВО СЕ НАЈГОЛЕМИ ЖАРИШТА
Од 12 до 20 месецов, најмногу заразени има во Скопје и Тетово, и тие се најголеми жаришта. Има заболени од сите возрасни групи, а најзастапени се постарите над 60 години.Скопската општина Чаир се уште има најмногу заразени од коронавирусот.
Скоро 400 жители во оваа општина се инфицирани со Ковид - 19.
Статистиката од вчера покажува дека најмногу заразени има во Чаир – 394, потоа во Гази Баба – 156, Бутел- 144, Центар и Сарај по 137, Аеродром – 135, Карпош – 116, Кисела Вода – 98, Ѓорче Петров – 83, Студеничани – 86, Шуто Оризари – 73, Арачиново – 55, Илинден – 31, Петровец – 14, Чучер Сандево – 16 Сопиште – 13, Зелениково – 2.
Во Скопје се регистрирани и четворица странци додека четири лица не се распределени по општини.СЕ ПОЈАВИ НОВА „БОМБА“
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, за денешните објавени аудио-снимки во кои се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, во кои се споменува и Филип Медарски, тврди дека се извадени од контекст затоа што, според лидерот на владеачката партија, се работи за ангажман на адвокатот во меѓусебен спор во Тотал ТВ, а не за случај за дијализниот центар „Дијамед Македонија“ и за продажбата на неговата концесија.
СТАТИСТИКА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ ЗА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АПРИЛ
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.2.
Податоците денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.0 %), Други услужни дејности (6.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0 %), Стручни, научни и технички дејности (6.9 %) и Транспорт и складирање (6.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25.830 денари.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.