ФАКТОР НА ДЕНОТ: Утре стигнуваат вакцините од Србија, граѓаните можат да се пријавуваат за вакцинација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Февруари, 2021
УТРЕ СТИГНУВААТ ПРВИТЕ ДОЗИ ВАКЦИНИ ОД СРБИЈА
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот на Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на земјава.
Во меѓувремне пристигна владиното соопштение во кое се наведува дека утре во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.
ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА
Министерството за здравство информира дека пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против КОВИД-19. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против коронавирусот може да се пријави на веб-страницата.
Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 140, Прилеп - 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1.ЗАЕВ КАЖА ОД КОИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Е ЗАДОВОЛЕН
Премиерот Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, кажа од кои градоначалници на СДСМ е исклучително задоволен, и лично ќе ги поддржи како кандидати на партиојата за следните локални избори што ќе се одржатѕ наесен.
„Сите што биле добри градоначалници и им служеле добро на граѓаните, и граѓаните ќе ги потврдат нивните резултати, имаат големи шанси повторно да бидат кандидати за градоначалници и обратно, тие од кои граѓаните не биле задоволни, нема да бидат кандидирани и ќе има нови кандидати. Така што, ние ќе излеземе со најдобрите кандидати. Јас како претседател на СДСМ лично ќе застанам зад неколку кандидати, што секако не мора да значи дека ќе биде конечна одлука, бидејќи ние имаме јасни статутарнии определби како тоа се прави.
Но, сум исклучително задоволен од градоначалникот на Валандово, на Дојран, на Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, новиот градоначалник на Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово Ростуше и сигурно има и други општини.МАРИЧИЌ ГО ПОТПИША БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ИГОР СПАСОВ
Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов, соопштија од Министерството за правда.
„Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ, стои во соопштението.
Игор Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски, но во меѓувреме додека беше пуштен на лекување од затвор избега од земјава. Беше уапсен на 1 февруари во Софија. Бугарските медиуми објавија дека се испоставило дека живеел во стан на жена во Софија и таму бил пријавен за семејно насилство.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.