ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вакцинацијата ќе почне со кинеските вакцини, денес нови 350 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Февруари, 2021
ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СТАРТУВА СО КИНЕСКИ ВАКЦИНИ
Во Македонија вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне со вакцината од кинескиот производител Синофарм, и иако министерот за здравство Венко Филипче во изјава за ТВ 21 не сакаше да шпекулира со точниот датум кога ќе ги имаме во земјава, премиерот Зоран Заев, за разлика од него, на денешната прес конференција напомена дека тоа може да се случи меѓу 10 и 15 февруари.
-Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат киенските вакцини и ние пактично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе започнеме со тие вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме“, изјава министерот за здравство, Венко Филипче.
Премиерот Заев пак, истакна дека процедурата за набавка на вакцините од кинескиот производител во текот на неделава ќе биде сосема при крај, и дека се очекува набавката да се случи меѓу 10 и 15 февруари.ДЕНЕС ИМА 20 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Штип и Демир Капија – по 5, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Битола, Берово и Демир Хисар – по 2, Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово – по 1
Регистрирани се 266 оздравени пациенти од:
Скопје – 152, Кавадарци – 17, Куманово – 12, Велес – 11, Ресен – 8, Неготино и Штип – по 7, Прилеп – 6, Струмица и Кичево – по 5, Тетово и Кочани – по 4, Гевгелија, Битола, Берово и Кратово – по 3, Гостивар, Демир Капија, Дебар, Пробиштип, Виница и Богданци – по 2, Делчево, Крива Паланка, Македонски Брод и Пехчево – по 1
ПРОТЕСТ ЗА „ЈАВНА СОБА“
По случајот „Јавна соба“ се одржа протест во Скопје на кој присутните побараа казни за оние кои објавуваат експлицитни фотографии од девојки.
Маршот почна пред седиштето на МВР и продолжи до ОЈО.
„Бараме казни за сите администратори на групи од овој тип кои споделувале информации од девојки, не само од „Јавна соба“, бараме во Кривичен законик да се внесе интернет вознемирување“, велат организаторите на протестниот марш.
Жените порачаа дека многу пати биле сексуално вознемирувани, но не пријавиле во полиција. На институциите им порачаа да не спијат.СЕ РАСПРАВАШЕ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА ДИМИТРОВ
Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, на денешното барање за негова интерпелација на седницата во Собранието рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните пандани во Бугарија звучат исто кога го обвинуваат.
- Таму велат дека сум поопасен од корона-вурусот, човек кој ги ослабнува бугарските позиции, човек кој го одбил понудениот анекс. Потписниците се обрзани да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното. Од неевропското однесување на соседот не требаше да правите дневно-политички перформанс. Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Таква беше лагата за Данска и Холандија, рече Димитров.
Вицепремиерот ги нарече поднесувачите на интерпелација „лажни патриоти“ кои имагинарно ги прославуваат „дипломатските порази“ и дека немаат елементарно познавање на процесите, а при тоа подвлече дека извештаите за „заробена држава“ се претвориле во извештаи за „светол пример“.ОД ИВЗ ВЕЛАТ НЕ ГО ОСУДИЛЕ СКАНДИРАЊЕТО „УЧК, УЧК“
Исламската верска заедница излезе со реакција по средбата со Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, со појаснување дека тие не го осудуваат скандирањето „УЧК“ на протестите за случајот „Монструм“ минатата недела во центарот на Скопје.
Ангелов на негово претходно барање заедно со заменик директорот Екрем Зендели беа во посета на седиштето на Ријасетот каде што бепе остварена работна средба со претседателот на Исламската Верска Заедница, Шаќир Фетаи.ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА „МОНСТРУМ“
Насер Рауфи, бранител на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута во случајот „Монструм“ во изнесувањето на завршниот збор на одбраната праша како жителите на Радишани и Црешево експресно дознале и дошле на протест веднаш по петкратното убиство на Смилковското езеро.
- Какви сознанија имало месното население од Радишани и Црешево дека припадници од албанските етникум го извршиле убиството, за да дојдат да протестираат. Одговорот е јасен? Постоело однапред смислено сценарио за да бидат таргетирани албанските извршители. Тоа било подгреано со непрофесионални известувања од разни портали кои ја подржаа оваа хајка, рече Рауфи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.