25 Ноември, 2024
0.0297

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вакцини AstraZeneca пристигнуваат во март, а денес има нас 400 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ВО МАРТ ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИ ВО ЗЕМЈАВА

Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопшти деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Станува збор за вакцината AstraZeneca, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Дополнително од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19. Од КОВАКС механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот.

Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата.

ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје: во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 187, Кавадарци – 35, Велес – 28, Куманово – 18, Охрид – 18, Тетово – 17, Струга – 16, Делчево – 16, Прилеп – 12, Демир Капија – 7, Струмица – 5, Радовиш – 5, Гостивар – 4, Битола – 4, Кичево – 4, Гевгелија – 4, Неготино – 4, Крива Паланка – 4, Крушево – 4, Штип – 3, Кочани – 3, Кратово – 3, Свети Николе – 1, Дебар – 1, Ресен – 1, Берово – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 399 оздравени пациенти од: Скопје – 242, Тетово – 22, Куманово – 20, Прилеп – 17, Битола – 15, Штип – 10, Велес – 9, Радовиш – 9, Гостивар - 9, Струмица – 8, Крива Паланка - 6, Кичево – 5, Гевгелија – 4, Пробиштип – 4, Дебар – 3, Богданци – 3, Кочани – 2, Свети Николе – 2, Валандово – 2,  Кавадарци – 1, Струга – 1, Неготино – 1, Кратово – 1, Ресен – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.

Починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

ИВЗ ГИ ОСУДИ СКАНДИРАЊАТА НА ПРОТЕСТОТ ЗА „МОНСТРУМ“

Oд Исламската верска заедница стигна осуда за скандирањето „УЧК, УЧК“ на протестот за случајот „Монструм“, кој во петокот се одржа во Скопје. 

Пораката е дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот. 

Заедничка осуда на радикализмот и национализмот, како и на неодамнешното скандирање „УЧК УЧК" и „голема Албанија“ е нешто околу што се согласиле првите луѓе на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Екрем Зендели со поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху. Средба  се одржа во Ријасетот, соопштија од ЦУК.

ВЛАДАТА ВЕЛИ ПОПИСОТ ЌЕ ПОМОГНЕЛ ЗА ИСЕЛУВАЊЕТО

Владата во денешното соопштение, најавувајќи го пописот на населението во април, смета дека статистичката  операција ќе помогне да се намали трендот на иселување на популацијата во странство.

„Пописот 2021 за прв пат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство. Ова ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес.

Пописот 2021 е нашата заедничка иднина, која ни отвора европска перспектива за нашата држава и за нас лично како нејзини граѓани“, се вели во денешното соопштение на Владата.

ИГОР СПАСОВ ЖИВЕЕЛ  ВО БУГАРИЈА

Министерството за правда ја подготвува документацијата за екстрадицијата на Игор Спасов, убиецот на Мартин нешковски, кој во меѓувреме избега додека беше пуштен на лекување од затвор и за кого вчера беше објавено дека е уапсен во Софија.

- По добиената информација утрово од МВР, нашето министерство ја собира потребната документација за екстрадиција која треба да биде испратена до бугарсткото Министерство за правда. Рокот за тоа е 40 дена. Понатаму бугарското министерство одлучува дали и кога ќе го екстрадира споменатото лице, кое во моментов е во притвор во Бугарија, гласи одговорот кој го добивме од Министерството за правда.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата ги отвори картите. Таа е поблиску до опцијата во петтиот пакет мерки на фирмите како помош да им дава бескаматни кредити со три години период на враќање, но и можност 30 отсто од овој кредит да се претвори во грант, со цел тие да го задржат бизнисот и работните места, наместо да им дава директни државни субвенции за исплатата на платите на своите вработени.

Една од трите системски банки лани ги зголеми кредитните пласмани за 6 отсто, а вложувањата во хартии од вредност поточно во државни обврзници лани се зголемени за 50 отсто во споредба со претходната година. Добивката на НЛБ Банка лани е 27,7 милиони евра

Нервоза, нетрпение, разочараност, лутина. Граѓаните во земјава сè повеќе негодуваат за испораката на вакцините против Ковид-19. Некои со нетрпение ги очекуваат, прашувајќи се во која група граѓани се и кога би стигнале на ред да ја примат долгоочекуваната вакцина. 

Министерството за внатрешни работи „лови“ односно детектира и други членови на групата Јавна соба, која откамко беа откриени сите непријатности што им се случувале на жртвите, практично ја скандализираше македонската јавност.

Охрабрувачки сигнал за инвеститорите во акцијата на „Комерцијална банка“. Хари Костов, долгогодишниот прв човек докупи 1.000 акции во таа банка, а нивната пазарна вредност надминува 120.000 евра

Никој нема да биде изоставен од мерките. И претходната помош не беше безусловна. Некој вели дека тоа биле неповратни средства. Но, најверојатно информациите немаат допрено до сите, бидејќи треба да се исполнат одредени услови за таа помош да стане неповратна. 

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ