17 Мај, 2024
0.0352

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 45 наши државјани, агенцијата ќе остане без лиценца

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

СТРАОТНА НЕСРЕЌА ОДНЕСЕ 45 ЖРТВИ

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва на прес - конференција изјави дека денес го живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата. 

Вели дека е активирана работна група која ќе биде во координација со цел справување со оваа голема трагедија. 

„Во текот на денот, овозможивме измена на ковид протоколите, со што граѓаните, односно членовите на семејставата можеа да патуваат без никакви ограничувања. Се активираше СОС телефон, и беа контактирани сите семејства на загинатите, но и повредените“, рече Османи. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес - конференција изјави дека преносот на телата на загинатите од Бугарија во земјава ќе биде на товар на државата. 

Очекува брза реакција на службите и дека ќе има одговор на сите нејаснотии околу оваа трагедија, со што ќе има ефикасно утврдување на одговорност.  Рече дека на 5-ти октомври е направена контрола на техничката исправност на автобусот. 


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски вечерва на прес - конференција изјави дека превозникот БЕСА транс доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници. 

Вели дека тој ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца. За опожареното возило кажа дека го нема во електронската база на министерството. Фирмата превозник е должна да го пријави во рок од 15 дена. На превозникот ќе му се одземе лиценцата за што постапката е почната.

ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАГИНАТИТЕ СЕ ОД СТУДЕНИЧАНИ И ЧАИР

Oд вкупниот број на загинати во сообраќајната несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од Студеничани. 

Ова го потврди градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се откријат причините. 

„Целo едно семејство: една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране. Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е нашиот колега матичар кој што работи во Службата за матична евиденција во Скопје, кој со неговата сопруга загина. Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, исто така со малолетно дете загинаа. Има загинати и од Долно Количани“, рече Садику.

Официјално 16 жртви од автобуската несреќа која се случи утрово во Бугарија се од Чаир. 

 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини.

ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, информираа од Владата.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. 

ДЕНЕС ИМА 490 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 209, Битола – 42,  – , Прилеп - 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево - по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе  и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оваа година туристите ќе бараат место повеќе за престој за Нова година и Божиќ во Крушево.

Министерството за транспорт и врски му ја одзеде А лиценца за проектирање на градби од прва категорија на „Ремис“, градежната компанија чиј сопственик е најпознатиот охридски бизнисмен Божо Илоски.

Можеби ќе ве интересира

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова