16 Мај, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во терористички напад во Москва загинаа најмалку 40 луѓе, еден напаѓач е уапсен, се појави фотографија со наводно осомничените

Објавено во: Свет 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

СТРАОТЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД  ВО МОСКВА

Очевидец ги опишува напаѓачите кои извршија напад во Москва. 

„Беа најмалку петмина, имаат брада. Се однесуваат како тренирани и обучени милитанти. Наоружани се со со јуришни пушки АКМ. Некои од нив носат разна муниција. Најмалку двајца од напаѓачите носеа ранци, веројатно полни со молотови коктели“, раскажува очевидецот.

Според него, пукањето почнало истовремено и во гледалиштето и во фоајето, каде што во тој миг имало многу народ. Териристите ги запалиле седиштата во холот и пожарот се проширил скоро по цела зграда.

„Пожарникарите евакуирале околу 100 луѓе, а гостите во салата се спасуваат од кровот, со помош на скали за подигнување кои ги користат пожарникарите“, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Полицијата уапси еден од напаѓачите. Има најмалку 40 мртви и над 130 повредени. 

Според неофицијални информации, руските безбедносни служби интензивно трагаат по мажи од Ингушетија кои се осомничени за овој терористички напад.

Осомничените станале предмет на интензивна потрага, а надлежните служби прават напори за нивно пронаоѓање и изведување пред лицето на правдата.

На платформата Х беа објавени фотографии од наводните терористи.

УКРАИНА СЕ ОГРАДИ, А САД ГИ ПОВИКА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА ИЗБЕГНУВААТ СОБИРИ

Украина објави дека не е вмешана во терористичкиот напад во Москва.

„Украина не е вмешана во терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва“, изјави советникот на претседателот Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

Прес-секретарот на шефот на претседателскиот кабинет Андреј Јермак изјави дека она што се случува го покажува „ракописот на руските специјални служби“.

По страотниот терористички напад во Москва, американската амбасада во Русија издаде безбедносно предупредување до граѓаните на САД, барајќи од нив „да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“.

Амбасадата соопшти дека „ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад на големи собири во Москва, вклучително и концерти“.

ЛЕКАР Е УБИЕН ВО СКОПЈЕ

Вчера во попладневните часови со неколку убодни рани по телото, во неговото возило беше пронајден докторот А.Т. (67) во непосредна близина на фабриката „Железара“. Неготово тело било пронајдено од неговите синови, кои тргнале да го бараат бидејќи не се вратил дома. Од Итната медицинска помош констатирале смрт, а јавен обвинител даде наредба неговото тело да биде предадено на обдукција. 

„Фактор“ денес беше на терен помеѓу жителите на населбата Железара. Голем дел од нив лично биле пациенти на докторот, кој, иако бил пред пензија, бил врвен лекар. Тој официјално веќе бил во пензија, но продолжил да работи со негова колешка, каде по пензионирањето се префрлил и ги префрлил неговите пациенти. Најчесто работел втора смена, а имал голем број пациенти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Мартин Попов, поранешниот шеф на кабинетот на екс премиерот Димитар Ковачевски, како национален ко- ординатор за следење на реализацијата на програмата на Владата, назначен од јануари, ќе добива поголема плата и од самите министри, по измената на Законот за плата на избрани и именувани лица и одлуката донесена во вторникот за утврдување на коефициентите за пресметување на платата на функционерите.

При посета на Македонија, странските туристи ако се задоволни, даваат бакшиш на туристичките водичи.

„Македонијатурист“ е една од најредовните компании во исплата на дивиденда во македонската корпоративна историја. Годинава на своите акционери компанијата ќе подели 1,32 милиони евра бруто дивиденда на која на државата ќе и плати околу 130.000 евра данок.

Стопанска банка Битола станува прилично интересна за инвеститорите, но засега не е познато дали е тоа поврзано со од поодамна најавеното нејзино потенцијално присоединување кон Комерцијална банка, нешто што го објавија своевремено двете банки, и што требаше да почне да се преговара и реализира многу скоро, или поточно по усвојувањето на завршните сметки на банките, кои се предвидени за акционерските собранија токму за следните денови.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра