ФAKТОР НА ДЕНОТ: Здравствени работници заразени, изборите се одложуваат, Шпанија го ратификуваше протоколот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2020 19:56
НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19 ВО МАКЕДОНИЈА
Епидемијата на заболувањето Ковид-19 е во силен ек, а секоја епидемија има тек, односно почеток, па акцелерација, па пик и понатаму намалување. Согласно ова, ние очекуваме бројот на заболени да се зголемува, рече на прес конферецијата пред малку министерот за здравство Венко Филипче.
Рече дека е можно да имаме 2.000 заболени, а пикот да биде за еден месец од сега.
Рече дека сега е најважно да се спречи локалната трансмисија. Моментно има 26 заболени, а тројца се нови од денеска.
„Останете дома - не контактирајте со луѓе - не се задржувајте во маркетите и одржувајте лична хигиена. Се надевам пикот нема да е остар, рече Филипче.
Утрово се тестирани 10 пациенти, позитивни се тестовите на тројцата пациенти коишто се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“. На пресот вчера информацијата беше за двајца, а потоа се јавил уште еден пациент, и денеска во Институтот за јавно здравје се направени контролните тестови со цел да бидат унифицирани и го потврдија нивниот резултат.
Филипче на прес-конференција вечерва изјави дека уште 5 нови случаи се откриени денес, од кои 4 се здравствени работници.
Со ова бројката на заболени е 31.
Позитивен е и тестот на сопругата на веќе дијагностициран пациент.Филипче вечерва на прес-конференија изјави дека во земјава со авион пристигнале луѓе од Брисел, за кои има сомнеж дека се заразени со коронавирус.
Се прави скрининг.Лекарот од Дебар, Арбен Аголи кој пред неколку дена на својот профил на Фејсбук објави фотографија со своите колешки кои во рацете држат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома”, сега објави нова информација.
Тој вели дека и медицинскиот персонал во амбулантата во Дебар е позитивен на коронавирус и дека ќе бидат две недели во карантин.ИЗБОРИТЕ СЕ ОДЛОЖУВААТ
Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, на денешната лидерска средба доби поддршка од партиите да свика експертска група за да се најдат правните модалитети за одложување на предвремените парламентарни избори на 12 април без свикување на Собранието. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од Пендаровски да прогласи вонредна состојва. Дополнително ќе се одлучува за колку време ќе се одложи денот на гласањето.
- Ресурсите сега треба да ги ставиме во функција на здравјето на граѓаните. Треба да се насочиме кон овој глобален проблем. Подготвуваме сет на економски мерки за економијата. Воведувањето вонредна состојва е неопходно за мерките да бидат поефикасни. Апелирам до сите наши граѓани да ја сфатат сериозно и достојно ситуацијата. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предиззвик како што сме се избориле со други предизвици во минатото, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ преку партискиот лидер Христијан Мицкоски побара прогласување кризна состојба на целата територија.
Од таму сметаат дека во моментов не е потребно прогласување вонредна состојба.ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО
Сите 29 земји-членки на НАТО го ратификуваа членството на Македонија во Алијансата, откако тоа денеска го стори и шпанскиот Сенат со ниту еден глас против на пленарна седница која беше специјално организирана за да не се одолговлекува дополнително приемот на земјата.
- Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието, рече денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера на која во живо се следеше гласањето.
Честиташе и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која напиша дека во овие тешки моменти ова е добра вест за земјата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Граѓаните се плашат од ширењето на коронавирусот, и не знаат кога животот во земјава ќе се нормализира.
Дел од нив имаат залихи со храна, а дел не, од причина што живеат од први до први, и немаат вишок средства.Намалената економска активност ќе доведе до намалена наплата на даноците, категорични се економските експерти.
Велат дека Министерството за финансии е пред предизвикот да обезбеди соодветно ниво на приходи, во услови на сериозно намален потенцијал за тоа, со истовремен пораст на расходите за мерки кои треба да доведат до санирање на штетите предизвикани од пандемијата.
Една работа е сигурна, а таа е дека коронавирусот и препораките од властите за заштита и превенција ни го промени начинот на секојдневно живеење.
Граѓаните да не прават залихи од храна за подолги периоди, да не се туркаат во продавниците за да не го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на другите граѓани. Надлежните апелираат да се созадва ред и ги повикуваат сопствениците на ланците маркети да им овозомжат на граѓаните да пазарат мирнои достоинствено и во вакви услови.
Швајцарија е во вонредна состојба. Од петокот учениците се пуштени дома и до крајот на април нема да одат во училиште.
Клуч на врата ставија продавниците, рестораните, баровите и други објекти.
Можеби ќе ве интересира
БУГАРСКИ МИНИСТЕР: Уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов

ВЕНКО КРСТЕВСКИ Е В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ: Што вети за периодот кој следи?

„МОЖЕВ ДА УЦЕНУВАМ МИЛЈАРДЕРИ СО ФЕРАРИ“: еве го тврдењето на Палевски за обвинението - го поврзува со голем скандал со перење пари во Македонија
Советничка на ВМРО-ДПМНЕ си даде оставка во општина Кочани: Се залетаа за функции, се грижеа само за своите интереси
ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ ЕКСТУБИРАНИ И ЧЕКААТ ОПЕРАЦИИ, НО ДВАЈЦА СЀ УШТЕ СЕ КРИТИЧНИ - Таравари со најнови информации

ОЈО БАРА МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ПОСЛЕДНИОТ 19 ОСОМНИЧЕН - Обвинителството со нови детали
