08 Јануари, 2025
0.0305

Фактор открива: Не се само Пешевски и Миновски, туку и Веле Самак, Игор Ивановски, Никола Поповски се дел од советодавниот тим на Битиќи

Објавено во: Економија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Не само поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски туку и други поранешни функционери и многу професори се дел од иницијативата „За татковината со љубов“. За нив двајца вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи на Телма не потврди директно, но на конкретното прашање тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи.


Фактор има сознанија кои други луѓе влегоа во иницијативата освен Пешевски и Миновски кои секако се дел од овој проект. Впрочем се мобилизираат најдобрите познавачи, експерти стопанственици. 

Меѓу нив е и Веле Самак, поранешен министер без ресор во Владата со која раководеше Никола Груевски и тоа во времето од 2006 до 2017 година, но и Никола Поповски поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ. Дел од иницијативата ќе биде и Игор Ивановски, професор на Економскиот факултет, Ванчо Узунов, професор на Правен факултет еден од советниците на премиерот, Борче Треновски, универзитетски професор, но и Дарко Лазаров, професор на УГД Штип, член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска во текот на денот рече дека бил повикан но не присуствувал на првиот состанок.

Во Иницијативата се и Виктор Мизо, Љупчо Зиков и Висар Адеми. 

Според нашите информации дел од За татковината со љубов се и професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска и Олимпија Христова Заева. Во проектот е и Горан Рафајловски.

„За татковината со љубов“, што ја иницира Битиќи, е неформално советодавно тело чија цел е во носењето на економските политики да се вклучи и експертската јавност и на тој начин да даде придонес за развојот на земјата. Првиот состанок на оваа платформа се одржа 3 декември, при што на онлајн средбата учествуваа стопанственици, универзитетски професори, економски експерти, претставници на невладини организации, како и поранешни министри, без оглед на политичката ориентација, родовата или етничка припадност.

Тогаш Битиќи на фејсбук напиша:

„Со голема радост денеска ви ја претставувам платформата „За татковината со љубов“, на која заедно со мојот тим работиме од првиот ден.Ја крстивме „За татковината со љубов“ затоа што е токму тоа, обединување и работење за заедничка мисија а тоа е - економска благосостојба на татковината и граѓаните кои живеат во неа. Идејата зад неа е на едно место да се соберат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање... И да претставуваат советодавно тело за економски стратешки размислувања.

Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, напиша Битиќи.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

РОМАНИЈА НА МАКА: Странски работници доаѓаат, ама бегаат

РОМАНИЈА НА МАКА: Странски работници доаѓаат, ама бегаат

Официјално: Во 2024 поскап животот за 3,8 отсто, во декември уште повеќе

Официјално: Во 2024 поскап животот за 3,8 отсто, во декември уште повеќе

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - катализаторите лидери, еве кои се другите најизвезувани производи

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - катализаторите лидери, еве кои се другите најизвезувани производи

ВОЗАЧИ, РЕГУЛАТОРНА СООПШТИ НЕ ТОЛКУ УБАВА ВЕСТ: Поскапуваат бензините, еве колку ќе ве чини литар

ВОЗАЧИ, РЕГУЛАТОРНА СООПШТИ НЕ ТОЛКУ УБАВА ВЕСТ: Поскапуваат бензините, еве колку ќе ве чини литар

„СЕГА НЕКА ГИ НАРЕКУВААТ ЖЕНИТЕ ПОКУЌНИНА“! - Работниците на „Мета“ збеснаа по новите измени: „Веќе не се важни фактите?!“

„СЕГА НЕКА ГИ НАРЕКУВААТ ЖЕНИТЕ ПОКУЌНИНА“! - Работниците на „Мета“ збеснаа по новите измени: „Веќе не се важни фактите?!“

Ердоган повика на бојкот на производите со високи цени

Ердоган повика на бојкот на производите со високи цени

ПАЗАРОТ ВО СТРАВ:Цената на нафтата расте

ПАЗАРОТ ВО СТРАВ:Цената на нафтата расте

ЗИМАТА ГИ ПРАЗНИ ЕВРОПСКИТЕ СКЛАДИШТА: Резервите на гас се трошат со рекордна брзина

ЗИМАТА ГИ ПРАЗНИ ЕВРОПСКИТЕ СКЛАДИШТА: Резервите на гас се трошат со рекордна брзина

МАЖИТЕ НАДВОР ОД УПРАВНИТЕ ОДБОРИ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ЖЕНИТЕ - во хрватските најголеми компании понежниот пол ќе мора да стигне до 40 отсто

МАЖИТЕ НАДВОР ОД УПРАВНИТЕ ОДБОРИ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ЖЕНИТЕ - во хрватските најголеми компании понежниот пол ќе мора да стигне до 40 отсто