ФАНОВИТЕ ТАЖНИ: ЗДРАВЈЕТО НА БРУС ВИЛИС СЕ ВЛОШУВА, СЕМЕЈСТВОТО СЕ НАДЕВА НА ЧУДО! Се појавија нови детали за неговата состојба
Објавено во: Општо 08 Декември, 2022
Актерот Брус Вилис во март годинава објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба се влошува, неговото семејство го користи секој момент да го помине со него и да се „надева на чудо“.
Месеците откако актерот ја откри битката со болеста која ги напаѓа неговите когнитивни способности станаа и тешки и скапоцени за семејството Вилис, бидејќи сите се трудат да не пропуштат ниту еден момент со саканиот актер. Извор близок до семејството откри дека неговата состојба само се влошувала од почетокот на годината, поради што семејството често се собира и го поминува времето заедно.
"Знаат дека Брус нема да биде вечно наоколу. Го негуваат секој момент", рекол извор за Дејли Мејл.
Болеста која влијае на когнитивните способности, со која се бори Вилис, уште повеќе ги зближи неговата сегашна и поранешна сопруга Ема Хеминг Вилис и Деми Мур. Тие му помагаат полесно да се справи со сите промени, а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.
"Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, таа е на телефон само за да го слушне гласот на Брус", додал изворот.
Големото семејство сега, како и секоја година, празниците ги поминува во Ајдахо, а имаше и неколку фотографии на кои Деми и Брус позираа заедно со нивната 28-годишна ќерка Талула.
На фотографијата мајка и ќерка позираа прегрнати, а им се придружи и Брус кој го гледа нивното милениче куче Пилаф.
Ги сакам моите родители и моето семејство“, напиша Талула.
Изворот додаде дека заедничкото време и традициите на семејството отсекогаш биле посебни и дека нивните пријателства сега продолжиле и станале уште поубави, иако со допир на тага.
„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат. Ема стана неговиот глас и некој што комуницира за него. Има денови кога препознаваат делови од стариот Брус, но тоа се кратки моменти .Изгледа дека тој се повеќе им се лизга и тоа им ги крши срцата.Тие не можат да го замислат Божиќ без својот сакан маж“, рекол изворот.
„На неговите постари ќерки им недостига таткото што беше, оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше совети што не ги сакаат. За Божиќ сè што можат да направат е да му кажат дека го сакаат и да се молат за чудо“, изворот истакна.
Брус (67) и Деми Мур имаат три ќерки: Талула, Румер и Скот Лара, а Ема Хеминг има две: Евелин и Мејбел.
Курир.рс
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.