Фантастичен раст од 1.454 проценти на Стопанска банка а.д Битола: Останува банка со највисока адекватност на капиталот
Објавено во: Економија 07 Септември, 2020
Стопанска банка а.д. Битола ќе им понуди на своите клиенти ново одложување на кредитните рати. Банката ќе им излезе во пресрет на сите кои имаат финансиски проблеми предизвикани од ковид кризата и веќе креирала понуда за клиентите. Новото одложување е во време кога Народната банка укажа дека банките можат да им олеснат на граѓаните и на фирмите за кредитните обврски и по втор пат почнувајќи од октомври годинава.
Во услови на силни последици на економската ситуација предизвикани од пандемијата на Ковид-19, Стопанска банка а.д. Битола впрочем остава зад себе одлично финансиско полгодие. Нето добивката од јануари до јуни изнесува 52,42 милиони денари, додека заклучно со 31.07.2020 година добивката е 62,91 милиони денари. Ова е раст од неверојатни 1.454 проценти во однос на истиот период лани.
Стабилноста на работењето на банката и нејзиниот континуиран раст се должат на фактот што Стопанска банка а.д. Битола има високо ниво на капитализираност. Стапката на адекватност на капиталот во банката изнесува 18,74 проценти што е доста над утврдениот законски лимит од 8 проценти. По овој критериум Стопанска банка а.д Битола е една од трите банки со најголема стапка на адекватност на капитал.
Податоците од билансите покажуваат дека високо над задолжителниот минимум е и односот на ликвидна актива во однос на вкупна актива на банката кој заклучно со јуни изнесува 33,88 проценти. Односот на ликвидна актива во однос на депозити на домаќинства пак до крајот на јуни е 72,47 проценти.
Од банката велат дека покрај континуираниот раст кој го бележи и можностите кои ги нуди за своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола ги следи и сите модерни трендови на банкарското работење, а доказ за тоа се и последните надградувања на целокупното работење и дигиталните сервиси со кои располага банката, а преку кои на своите клиенти им нуди софистицирано, безбедно и модерно искуство при управување со нивните финансии.
A.T.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.