Фараонски хороскоп неверојатно прецизно ја предвидува судбината – овој знак ќе има среќа цел живот
Објавено во: Општо 24 Октомври, 2018
Долго време египетскиот хороскоп за јавноста бил целосно непознат. Кога астролозите го откриле, сфатиле дека е поделен на 12 знаци, а дека со секој од нив владее некој египетски бог. Иако поделбата на знаци е сосема поинаква од онаа на која сме навикнати, овој хороскоп е навистина фантастиче, а многумина велат и многу точен. Прочитајте каква судбина ве очекува:
Амон, Бог на пророците (1 јануари – 2 февруари)
Оние родени под знакот на Амон се упорни, ненаметливи и многу емотивни. Иако дејствуваат незаинтересирано, својата волја ја спроведуваат тивко и полека. Лицето што им се свиѓа го освојуваат така што едноставно ќе седнат до него и „ќе зрачат среќа“. Амоновите припадници се многу лојални и не толерираат неверство. Доколку врската тргне во лоша насока, веднаш ја прекинуваат, затоа што не се заинтересирани за нешто што нема иднина. Во љубовниот живот ги штити Амон, врховниот бог на Египет. Нивната боја е златна, а умот, т.е. интелигенцијата е нивното најголемо оружје за заведување.
Шебек, бог на реката Нил (3 февруари – 4 март)
Лицата под овој знак понекогаш се заслепени од надворешната убавина и сјај, но, за среќа, брзо се враќаат од трансот. Во љубовните врски инсистираат на интелектуално разбирање, ама се нестабилни и тешко може да се смират крај една личност. Многу се искрени и не опростуваат лага.
Сексот им е важен, па затоа бараат партнер со исти еротски интереси и склоности. Нивниот заштитник е бог-крокодил, чувар на светата река Нил и античкото богатства на Египет. Омилена боја им е сината, а заведуваат со својата оригиналност.
Озирис, бог на плодноста (5 март – 9 април)
Романтични и сензуални, децата на Озирис ја сакаат природата, поезијата и животните. Неопходни им се љубовта и нежноста, без нив се чувствуваат целосно изгубени. Во младоста се склони кон идеализирање на љубовниот партнер, поради што често доживуваат разочарување.
Подоцна, на врските им пристапуваат повнимателно, а кога ќе се вљубат, се исклучително верни и страствени. Ги привлекуваат искрени личности, не премногу разуздани во сексот, бидејќи се доста конзервативни. Родените во овој знак ги штити Озирис – богот на плодноста. Нивната боја е индиго сина, а во заведувањето го користат своето најмоќно оружје –погледот.
Птах, Бог на вистината (10 април – 2 мај)
Во љубовта се импулсивни, полни со барања и инсистираат на искреност. Птах е Бог на вистината и родените во овој знак не се согласуваат на врски што се базирани на измама. Многу се нетрпеливи и неретко поради избрзани одлуки прекинуваат квалитетни врски, бидејќи не успеваат да навлезат во суштината на партнерот. По природа често се вљубуваат, нагласено се страстни и сакаат сè сега и овде. Сепак, многу се внимателни при избор на брачниот партнер. Црвената боја им носи среќа, а заведуваат со својата смеа.
Хорус, Бог на животот (3 мај – 16 јуни)
Непостојани како пеперутка, децата на Хорус, бог на небото, тешко остваруваат цврсти врски. Имаат немирен дух, склони се кон љубовни авантури и секс за една ноќ. Постојано се во потрага по идеален партнер, за нив во почетокот секој „е оној правиот/онаа вистинската“.
За да се скрасат во една врска, саканото лице мора да биде силно и стабилно. И најмала трага на посесивност ќе го избрка овој знак. Килибарната боја им носи среќа, а нивното најсмртоносно оружје за заведување едуховитоста.
Нефтис, божица на љубовта (17 јуни – 21 јули)
Владетелката на овој романтичен знак е преубавата Нефтис, божица на љубовта. Нејзините деца се неверојатно верни, тежнеат кон тоа со саканото лице да се соединат и со тело и со душа. Во непрекината потрага за по својата втора половина, па понекогаш се случува да „го изгубат компасот“ и почнуваат да талкаат од еден до друг партнер/ка. Склони се кон мечтаење, ама знаат како да ги материјализираат своите соништа. Исклучително се креативни и мора да се искажат преку некоја форма на уметноста.
При заведување треба да се потпрат на својот изглед којшто ќе биде попривлечен доколку носат бела боја. Кога родените во овој знак ќе се заљубат тие се неверојатно се поврзуваат со партнерот и стануваат едно тело. Токму затоа треба да бидат внимателни. Мораат да пронајдат некој кој ќе биде еднакво внимателен и наклонет како нив, бидејќи во спротивно многу ќе патат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.