16 Мај, 2024
0.0319

ФАРМАЦЕВТИ, ОСИГУРИТЕЛИ, БАНКАРИ, НАФТАШИ - каде ви се жените на лидерските позиции, нивните добивки се подеднакво вредни

Објавено во: Економија 12 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Иако се подеднакво успешни во своето работење како директорки на компаниите, жените многу малку добиваат раководни и управувачки позиции.

Во време кога светот се бори за родова рамноправност, домашниот бизнис се чини дека не е многу расположен да им даде доверба на жените менаџерки.

Македонската берза, како и секој март, и овој пат по повод на Денот на жената изработи прецизна анализа за тоа колку жените учествуваат во органите на управување и раководење и колку имаат извршни директорски позиции во котираните акционерски друштва.  

Бројките говорат дека нивниот процент е многу мал, или отприлика, околу една четвртина.

Во анализата на Берзата учествувале 89 котирани компании на официјалниот берзански пазар, а во нив има вкупно 559 членови во органи на управување.

Дури 74,6 проценти од сите овие членови на управни и надзорни одбори се мажи, или тоа се 417 луѓе од вкупно 559.

А, само 25,4 отсто се жени, или 142 жени членуваат во органите на управување на котираните компании на Берзата.

Уште попоразителен е податокот колку мажи а колку жени се извршни директорки или претседателки на Управните одбори на котираните компании. Само 16,5 проценти се припаднички на женскиот род, додека цели 83,5 отсто се припадници на посилниот пол, што веројатно и им е „главната референца“ за да ги добиваат главните менаџерски позиции во котираните компании, кои, пак, се сметаат за најсилните упоришта на домашната бизнис сцена.

Ако се гледа, пак, структурното учество на мажи и жени во органите на управување на котираните акционерски друштва кои го сочинуваат берзанскиот индекс МБИ10, што, пак, се смета за „врвот“ во домашниот бизнис или буквално најдобрите и најуспешните компании, може да се забележи дека во нивните органи на управување мажите се застапени со 73,5 отсто, додека, пак, жените држат 26,5 проценти од овие позиции.  

А, кога станува збор за изврши директори или претседатели на управни одбори на котираните акционерски друштва кои се елементи на МБИ10, на такви главни места жените се само 20 проценти, додека дури 80 отсто им припаѓаат на мажите.

И, ако се набљудува учеството на мажи и жени во органите на управување во компаниите според дејноста, може да се види дека според лидерството на мажите, води фармацијата, со 87,5 отсто мажи, и само 12,5 отсто жени. Во овој дел се набљудувани две друштва колку што се котирани на официјалниот пазар.

Следува дејноста осигурување, исто со набљудувани две котирани компании, и каде на мажите им припаѓа 86,67 отсто, додека, пак, 13,33 проценти од управувачките позиции се резервирани за жените.

Многу раководни места не им се даваат ни на жените во трговијата со нафтени деривати, каде исто се претставени две компании, и каде 81,25 отсто од членовите во органите на управување се мажи, додега 18,75 отсто им припаѓаат на жените.

Потоа, според бројот на мажите на раководните позиции следува индустријата, па банкарството, па услугите, па градежништвото...

За пример за почитување кон жените, пак, се земјоделските акционерски друѓштва, кои се пет на број анализирани, и каде сепак мажите предничат, но не толку многу. Или, тие се застапени со 59,38 отсто, додека на жените им припаѓаа 40,63 проценти. Ова можеби не е идеално, но е многу подобро од друштвата од другите дејности.

А, за да дадеме доказ дека жените се подеднакво ефикасни директорки и менаџерки, доказ е фактот што компаниите раководени од жени, со дури 76,2 отсто работеле со добивка, а овој процент кај АД управувани од мажи изнесува 76,5 отсто.

Н.Н.Ф.

Фото: Freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА