ФАТЕН КРАДЕЦОТ НА КОМПЈУТЕРИТЕ ОД „ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР“: Стаменов ја сподели радосната вест, детали најави наскоро
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2023
Неодамна беше ограбена просторијата на иницијативата „Донирај компјутер“, чија цел е донација на компјутери на социјално ранливи категории.
Беа украдени неколку лап топ компјутери, а предводникот на оваа хумана иницијатива, Борче Стаменов, на фејсбук го сподели лошите вести.
Сепак, полицијата брзо го решила случајот, па, судејќи според неговиот статус, крадецот е веќе фатен.