19 Декември, 2025
0.0400

Фатмир Битиќи: Физибилити студија и за Македонски железници - Транспорт и ТЕЦ Осломеј

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2021 13:33

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на дебата на тема „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“ најави Физбилити студии и за Македонски железници - Транспорт и за термоелектраната ТЕЦ Осломеј. Според вицепремиерот, студиите треба да утврдат дали има потреба да се дадат на управување на приватен оператор и на кој начин тоа да се изведе.

„Нашите анализи покажаа дека преструктуирањето на некои од претпријатијата е неминовен процес кој што ќе се одвива во наредниот период, впрочем истите се во корелација со податоците од оваа анализа. Веќе знаете дека Владата има започнато процес на избор на компании за физибилити  студија за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници на Северна Македонија Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД Електрани на Северна Македонија. Според податоците од физибилити студијата ќе се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање на овие претпријатија, дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на истите“, рече Битиќи.

Тој додаде дека ако направените студиите покажат дека некое од претпријатијата можат да бидат самоодржливи со сегашниот статус, тогаш ќе бидат направени планови за внатрешни промени кои ќе им овозможат да го подобрат нивното работење или да работат со позитивен финансиски резултат.

За  време на дебатата истакнато беше дека е важно да се обезбеди квалитетно управување со јавните претпријатија во државна сопственост или во сопственост на општините. Во моментот во државата функционираат вкупно 145 јавни претпријатија во државна сопственост или во сопственост на локалната самоуправа, со вкупен приход од околу 810 милиони евра, а во кои работат околу 29 илјади лица.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии