Фејсбук иницијатива: Фатете го контролорот на загребските трамваи
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2012 12:30
Во знак на протест поради зголемувањето на цената на билетите за 40 отсто, граѓаните на Загреб и младите кои одбиваат да платат билет, покренаа иницијатива на Фејсбук „Фатете ги ЗЕТ-овите“ односно лоцирање на контролорите во трамваите.
Фејсбук групата, која има над 10.000 членови функционира така што членовите, кога ќе наидат на контрола преку мобилен телефон да објават на која линија и во која насока се движи контолорот.
Бројот на членови расте, а зад групата стојат анонимни администратори кои работаат на апликација за паметните телефони, за корисниците за кратко време да бидат известени каде се наоѓаат контролорите.
Екипата која стои зад оваа Фејсбук иницијатива не може да биде пријавена во полиција, бидејќи не крши ниту еден закон.
И ЗЕТ и известена за Фејсбук иницијативата, но се уште не соопштува дали ќе го зголеми бројот на контролори на своите линии.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





