Фејсбук – за или против?
Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2014 16:51
Не заостануваме во ниеден дел од развиениот свет, а посебно во виртуелниот свет или интернет комуникацијата, а фејсбукот ни е како „добро утро“. Дали е тренд или потреба, денес веќе скоро секое трето лице има сопствен профил, а ако на ова се додадат и страните на компаниите и другите реклами на фејсбук, тогаш тоа е една голема бројка на корисници на фејсбук. А да не заборавиме, дека е пред се, социјална страна, страна за комуникација и дружење или и стекнување и запознавање нови пријатели.
За или против? Мислења има разни, но користење фејсбук по цели денови и ноќи или поголемиот дел од слободното време или за време на работа или школо е дефинитивно, против. За, можеби да се пронајде некој – а пријател –ка кои не сме ги виделе одамна или се во друга држава, за тоа да. А ако ги најдеме на фејсбук, подоцна може да се комуницира и преку скајп или мсн, па и по меил.
Едно испитување во САД, покажа дека преку фејсбук се случуваат прељуби, најчесто под други имиња, кои се среќаваат подоцна и во живо, но се случило и неколку разводи, фејсбукот придонел за тоа и се користел како доказен материјал. Длабоко во суштина на овие социјални мрежи, како фејсбук најчесто се за флерт, иако за младата популација се интересни и побрзо доаѓаат до „пријател“ кој може да биде и реален. Флерт, затоа што понекогаш од радозналост се прифаќа „пријател“ иако не го познавате, или ви се допаднала неговата слика, профил, а кој се крие или каков е, за тоа понекогаш е доцна. Факт е дека човековата љубопитност е незаситна, а интересот за запознавање нови лица, никогаш не бил поголем. Факт е исто така, слободната комуникација, односно без страв и срам се кажува се и сешто, бидејќи соговорникот е виртуелен свет, невистински. А покрај се друго, се играат и игри како фарма или покер, но кој да се прошета до блискиот парк кога мојата фарма е подобра од другата. Или оваа музика е супер, па ќе ја закачам да видам кој ќе ја „лајкне“ итн. Времето ќе покаже дали фејсбк – манијата е тренд, потреба, забава или навика. Едно е сигурно, дека интернет комуникацијата и самиот интернет е од големо значење и тоа е факт, но не смее да се запостави реалноста, светот на гушкање, играње, бакнување или забавување. Не може вируелно да се бакнеш со некој (иако и тоа не е за потценување), не можеш да гушкаш монитор итн.
Секој поединец има можност да си ги одреди своите приоритети...
Или како онаа старата поговорка, беше како: „Се што е со мера, добро е додека не се претера“.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




