ФЕР ЦЕНА ЗА ЛОЗАРИТЕ: Во Собрание нов предлог закон, еве што предлагаат пратениците за нивна заштита
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2023 09:28
Утврдување на производна цена на винското грозје, рок до кога треба да се утврди цената, но и методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, начинот на утврдување производна цена и гарантирана цена за откуп. Ова се дел од одредбите кои сакаат да ги постигнат дел од пратениците во Собрението, кои изработиле Предлог на закон за измени и дополнувње на Законот за вино.
Како што се наведува во него, основната цел е заштита на интересите на производителите на винско грозје. Предлагачите, Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова бараат законот да се донесе по брза постапка, со европско знаменце.
- Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет согласно дадена методологија ќе ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството – се наведува во нивниот предлог.
Според нив, со законот се уредуваат планирањето и утврдувањето на производната цена, управувањето со производствениот потенцијал за производство на винско грозје, производството на вино, пазарот и прометот со вино, исплатата на винското грозје и утврдување на производна цена на винското грозје.
- Измените и дополнувањето на Законот за виното е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја бидејки во спроведувањето на постоечкиот законот со откупот на винско грозје има појава на ниски откупни цени, несоодветно и неправично плаќање по шеќерни единици од страна на откупувачите, непринципиелно искористување на можноста за плакање веднаш со тоа што му се намалува откупната цена како и злоупотреба и искористување на одредени слабости во постоечкиот закон – се истакнува во предлогот.
Предлагачите велат дека за заштита на интересите на производителите на винско грозје ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година, за најмалку две најзастапени сорти. За таа цел со новиот предог закон треба да се постигне подобра цена за лозаропроизводителите, исплатата да се врши по измерени шекерни единици, да се утврди производна цена врз основа на методологија која е достојна за лозаропроизводителите, пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје од страна на овласен и стручен институт како и определување на гарантирана откупна цена со тоа што ке се овозможи правна сигурност на земјоделците со цел да можат да ги планираат долгорочно инвестициите во земјоделството.
- Целта на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за виното заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на цената, начинот на утврдување на цената, правично плакање по откупено винско грозје и основање на институт за утврдување на гарантирана цена за винско грозје како и воведување на нови поими и доуредување на одредни постапки. Предлог законот се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за виното – се истакнува во законското решение.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




