ФЕРГУСОН: Полицаецот даде отказ, седмодневен марш за убиениот
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2014 10:44
Полицаецот од Мисурин Дарен Вилсон кој го убил црниот тинејџер и предизвикал немири во градот Фергусон дал отказ и ја напуштил полицијата.
Вилсон бил на одсуство од инцидентот и убиството на Мајкл Браун на 9 август, пренесува АП. Неговата оставка ја најавил во петокот неговиот адвокат Нил Брунтрагер пренесуваат агенциите.
Адвокатот изјавил дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш.
Вилсон во август го убил ненаоруќениот 18-годишен Мајкл Браун, тврдејки дека тоа го направил во самоодбрана.
Поради одлуката на поротата да не се покрене тужба против полицаецот Дарен Вилсон ширум САД се организрани протести.
Адвокатот Брунтрагер рекол за CNN дека Вилсон, кој тврди дека има чиста совест, едноставно не може да се врати во полицијата со оглед на огорченоста која ја предизвика целиот случај.
Американските активисти за граѓански права тргнаа денеска на седумдневен марш барајќи сеопфатна реформа на полицијата и осудувачка одлука на американската голема порота да не се покрене тужба против „белиот“ полицаец кој го уби ненаоружаниот „црн“ тинејџер Мајкл Браун.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




