19 Декември, 2025
0.1013

„Фершпед Брокер” и „ТТК Банка“ на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност

Објавено во: Економија 19 Април, 2016 12:24

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 91 -вата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ, м-р Елизабета Чингаровска им даде согласност на брокерската куќа "Фершпед Брокер" АД Скопје и на "ТТК Банка" АД Скопје – Оддел за работа со хартии од вредност да ја прошират дозволата за работење со хартии од вредност со нова услуга.

Тие ќе можат да вршат прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе можат да се приклучат на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза. Тоа значи дека досега вкупно осум од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк.

На седницата, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Ѓорѓи Палевски да биде именуван за раководител на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на "Еуростандард банка" АД Скопје со мандат од пет години. Исто така, КХВ дозволи досегашните извршни директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови "Иново Статус" АД Скопје, Миа Стефановска Зографска и Благој Митров да добијат уште по еден мандат од четири години.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?