19 Декември, 2025
0.0365

„Фершпед“ успеал да врати долг од 4,48  милиони евра!

Објавено во: Економија 09 Март, 2016 08:00

Добивај вести на Viber

Најголемата шпедиција лани има оперативна добивка од 42,6 милиони денари, но заради враќањето на кредитот или заемот крајниот резултат е загуба од 111,4 милиони денари Најголемата македонска шпедитерска компанија „Фершпед“ лани вратила 276 милиони денари кредити што била единствената причина ланската година да ја заврши со загуба од 111,4 милиони денари, покажува неревидираниот неконсолидиран финансиски извештај на оваа компанија. Според достапните податоци „Фершпед“ годината ја заврши успешно и прокнижил оперативна добивка од 42,6 милиони денари. Неговите приходи од продажба лани изнесувале 2,93 милијарди денари и во споредба со 2014 година се пониски за 15 отсто односно за 566 милиони денари. При тоа на домашниот пазар компанијата успеала да реализира 2,76 милијарди денари приходи што е за 344 милиони денари помалку од 2014 година односно за 11 отсто. Споредбата на податоците за домашниот и за странските пазари покажува дека и покрај значајниот пад на приходи од домашен пазар компанијата била фокусирана на домашниот пазар затоа што приходите од странство иако помали во апсолутен износ сепак се преполовени и лани биле 173,5 милиони денари што е за 155 милиони денари помалку од 2014 година. Од податоците од билансот може да се стекне впечаток дека менаџментот на фирмата бил фокусиран на консолидација особено на расходната страна на билансот. Оперативните трошоци на фирмата лани биле 2,9 милијарди денари што е за 19 отсто односно за 673 милиони денари помалку од расходите за работењето во 2014 година. Со тоа успеале да го превенираат падот на приходите од продажба во износ од 566 милиони денари, што веројатно и го предвиделе. Падот на приходите на оваа голема компанија може да биде предизвикан од две главни причини: прво намалување на економската активност воопшто на коминтентите и силна конкуренција со компетивни цени на услугите. Можеби е и комбинација од двата фактори, но засега од бројките повеќе детали за тоа не можат да се видат, а веројатно појасни причини ќе има во годишниот извештај на компанијата. Финансиските расходи на компанијата лани биле на ниво од 175,55 милиони денари наспрема финансиските приходи кои изнесуваат 21,5 милиони денари. Од билансот на состојба се гледа дека долгорочните обврски лани во однос на 2014 година се намалени за 276,2 милиони денари и долгот на фирмата по таа основа на крајот на ланската година бил 354,8 милиони денари. За сметка на тоа има одредено зголемување на краткорочните обврси и тоа за износ од речиси 57 милиони денари до 492,4 милиони денари колку што биле краткорочните обврски на крајот на 2015 година. Податокот се потврдува и од паричниот тек на фирмата каде што пишува дека има одлив од 276,2 милиони денари по основ на земени краткорочни или долгорочни заеми. Наспрема 2014 година кога по истиот основ фирмата се задолжила со 461,85 милиони денари. Во истата година (2014) фирмата за откуп на сопствени акции платила 416,4 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка