28 Март, 2024
0.0244

Фестивалот на светилките и осветлувањето на Лион-пример за одржлив развој

Објавено во: Стил 10 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Фестивалот на светилките е еден од најпознатите фестивали кои се одржуваат во југоисточниот француски град Лион и на кој секоја година се собираат дизајнери од целиот свет. Оваа година тој се одржа од 6 до 9 декември. Неколку милиони посетители во Лион ги исполнија хотелските комплекси на градот во рамките на четирите дена на фестивалот, а притоа беа направени над три милиони патувања во мрежата на градскиот транспорт, пишува на официјалниот сајт на настанот. Оваа година беа поднесени 80 светлосни проекти, а над 8 милиони ламби се продадени за 4 дена фестивал. Настанот се финансира со пријавно јавно партнетство. Фестивалот потекнува од интересна случка во 19 век, кога во 1850 година локалните црковни власти објавуваат конкурс за правење на статуа, која ќе биде поставена на врвот на ридот Фурвиер во центарот на градот и треба да стане религиозен симбол и белег на Лион. Една година подоцна проектот на локалниот скулптор Жозеф-Југ Фабио го освоил првото место.За официјално откривање на статуата на Дева Марија е избрана датумот 8 септември 1852 година. Во август истата година, сепак реката Саон (главна приток на Рона) излегува од коритото и ја поплавува работилница на скулпторот. Ова води до одложување на свеченото отворање на 8 декември - денот на Безгрешното зачнување. На тој ден локалните весници ја пренесуваат програмата за вечерните случувања и целиот град се подготвува за празникот. Кај неколкумина се раѓа идејата да ги красат фасадите на домовите со свеќи. Лошото време, сепак повторно ја попречува прославата и осветувањето на статуата е одложено повторно - овој пат за само неколку дена. И покрај овие пречки ентузијазмот на жителите на Лион не гасне. На 12 декември 1852 година уште во 18 часот се палат светилки на првите прозорци, а два часа подоцна целиот град е осветлен. Верските власти решаваат да го следат примерот на луѓето и наскоро параклисот на ридот Фурвиер блеснува од светлината на свеќите. Така се раѓа Фестивалот на светилките. Денес позлатената статуа е сместена во катедрала „Нотр Дам де Фурвиер“, изградена до старата капела на врвот на ридот кон крајот од 19 век. На крајот на 20 век локалните власти сфатиле дека светлината може да се потенцира и да ги открие архитектонските убавини на Лион, и во 1989 година започнува осветлувањето на сите историски градби,од кои 328 светат во текот на целата година. Уште од крајот на 80-тите години општината бара начини да оптимизира осветлувањето на градот, да биде во склад со екологијата и да има заштеда на енергија. За 23 години цената на годишното одржување на една од светилните е намалена за 23% од 105 на 81 евра. Целокупното осветлување на Лион, вклучувајќи го и тоа на историските згради го чини на секој жител по 11 евра годишно. Фестивалот на светлата е образец за одржлив развој, бидејќи троши 0.1% од годишната потрошувачка за осветлување на градот. Во 2002 година, Лион одлучува да создаде меѓународна мрежа за споделување на искуства меѓу сите кои се убедени во клучната улога на светлината за Градот. Така се формира организацијата LUCI (Lighting Urban Community International), на која се приклучија повеќе од 60 града од 4 континенти, меѓу кои Париз, Хелсинки, Москва, Шангај, Сеул, Монтреал, Уагадугу и други.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи